Во организација на стручните здруженија кои ги обединуваат стручните лица за безбедност при работа, Советот за безбедност и здравје при работа и Министерството за економија и труд, а со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје, на ден 21.10.2025 година, во хотел Александра Палас, се одрша централниот настан за одбележување на Европската недела за БЗР.
Настанот започна во 10 часот, со воведно обраќање на модераторот на истиот г-ѓа Славица Денковска.

Потоа следеа поздравните говори на :

По завршувањето на поздравните говори на дел од чинителите во областа, следеше делот на Доделување на Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2025.

Резултатите од рангирањето на компаниите кои се пријавија на повикот за оваа година и согласно оценката на стручните комисии за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2025 се прогласени :

Kатегоријата средни компании – ЕВН Македонија АД Скопје
Категоријата големи компании – Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

За компанија со најдобар пример на добра пракса за БЗР 2025 е прогласена:

ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ КИЧЕВО

Потоа селеда презентациите на претставниците од наградените компании, со кои беа презентирани добрите пракси во делот на БЗР.

со тоа заврши првиот дел од настанот, по што присутните заминаа на кафе пауза.

Во вториот дел од настанот следуваше промоција на збирката „ БЗР од мали нозе 2025″

На почетокот на присутните им се обрати м-р Надица Фотев, која во своето излагање го потенцираше следното:

Почитувани ученици, почитувани претставници на државни институции, почитувани претставници на Бирото за развој на образованието, бидејќи со делот пред паузата завршивме со делот на возрасните, во овој дел посебно внимание ќе им посветиме на најмладите. Како што се спомена на почетокот на настанов, оваа недела, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје е прогласена за Европска недела за безбедност и здравје при работа, па со самото тоа, импулс плус по 7-ми пат, како голем доприност во одбележувањето на истата е и денешната промоција на збирката песни и раскази БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2025 и значењето на тоа што најмалите го напишаа.

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците. Првата збирка песни и раскази БЗР од МАЛИ НОЗЕ, излезе во 2019 година. До сега на сите седум повици, учество земаа вкупно 125 Основни училишта од разни општини од Македонија, пристигнаа 1067 творби напишани од вредните рачиња на 1065 ученици.

На овогодинешниот повик заклучно со крајниот рок за поднесување (04.04.2025 година) беа поднесени вкупно 167 творби (песни и раскази) во четирите категории. Поточно учество на повикот земаа 166 ученици од 20 основни училишта ширум државата, кои доставија вкупно 167 творби (песни/раскази), од кои критериумите на повикот ги исполнија 163 творби, од кои 116 песни и 47 раскази.

Што значи!, И оваа есен, кога месецот Октомври, традиционално обележан со Европската недела за безбедност и здравје при работа, нè потсетува дека вредноста на трудот и човековиот живот се темелот врз кој се гради секое општество, нашата приказна е збогатена со уште 163 нови ѕвездички — мали, но светли искри што ја осветлуваат патеката кон побезбедни работни места, кон здрави, одговорни и среќни генерации. Творбите што ќе ги прочитате во самата збирка се глас на младоста, чиста мисла и искрено срце.

Секоја строфа, секој стих и секоја идеја зборува за едно — дека безбедноста не е обврска, туку вредност што се учи, негува и пренесува.

Како што напиша младиот автор Тома:
„ Нека ова биде повик јасен,
за секој од нас да биде спасен.
Со мерки превентивни и свест колективна,
да создадеме средина безбедна и позитивна!“

Овие млади гласови не потсетуваат дека вложувањето во децата е вложување во иднината, а нас, возрасните, нè повикуваат да продолжиме да го градиме светот во кој знаењето, претпазливоста и одговорноста ќе бидат најголемите алатки на секој работник.
Затоа, продолжуваме со иста посветеност и ентузијазам, во интерес на безбедноста и здравјето при работа, во интерес на младите, во интерес на нашата заедничка иднина, иднина која не треба да се чека, туку иднина која  треба сите заедно да ја создадеме.

За крај би напоменале дека од сето ова можеби немаше да вроди ваков резултат, ако не ја имавме несебичната поддршка од Бирото за развој на образованието, и советите и насоките од д-р Блага Панева. Во има на досегашната соработка ја поканувам да даде краток стручен осврт за самиот Проект.

Потоа на присутните им се обрати д-р Блага Панева – од Бирото за развој на образованието, која даде стручен осврт на самиот проект, како и придобивките од него.

По обраќањето на д-р Блага Панева, своите творби ги прочитаа учениците:

Ученик: Ведран Веселиновски V б одд. , ООУ,,Невена Георгиева Дуња”, Скопје, Ментор: Зорица Михајловски
Ученик: Андреа Зафирова V б одд. , ООУ,,Невена Георгиева Дуња”, Скопје, Ментор: Зорица Михајловски

Бидете безбедни и здрави и се гледаме и догодина на промоцијата на осмата збирка ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2026″.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *