ВНИМАНИЕ !!!
Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.
Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:
,,ЗНАЦИ ЗА БЗР – ВИЗУЕЛНА ЗАШТИТА И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕ СО СЕНЗОРИ”

Во секојдневната работна пракса, знаците за безбедност и здравје при работа се првата линија на заштита. Тие се поставуваат на видно место и служат за предупредување, насочување и информирање на работниците и посетителите. Најчесто се користат:
- Предупредувачки табли со симболи за опасност (електрична струја, лизгав под, токсични материи).
- Информативни налепници, постери кои укажуваат на задолжителна употреба на лична заштитна опрема
- Знаци за евакуација и излези во случај на опасност
- Физички бариери и обележувања на подот за ограничување на пристап или насочување на движење.
Овие традиционални знаци се основа на секој систем за БЗР – едноставни, јасни и лесно препознатливи. Но, со развојот на технологијата, се јавува потреба од современи визуелни решенија кои овозможуваат поголема динамика и автоматизација, даваат поголема слобода на примена, прецизност и видливост.

Денес, покрај класичните ,,физички” знаци, се користат и дигитални и сензорски системи кои овозможуваат:
- Автоматско обележување на движење со сензори – системи кои детектираат присуство и активираат светлосни или звучни сигнали.
- Интерактивни дисплеи и дигитални табли – за динамично прикажување на предупредувања, инструкции или промени во работната средина.
- LED сигнализација на подови и ѕидови – визуелно насочување на движење, особено во магацини и индустриски погони.
- Интеграција со системи за безбедност – аларми, камери и автоматски известувања при ризик.
Овие решенија не само што ја зголемуваат безбедноста, туку и ја прават комуникацијата поефикасна, бидејќи сигналите се динамични, адаптивни и лесно забележливи.
Цели на обуката се
- Да се прикаже разликата меѓу традиционалните ,,физички” знаци и современите визуелни системи.
- Да се демонстрира практична примена на сензорско обележување во реални работни услови.
- Да се обезбеди знаење за законските барања и европските стандарди.
- Да се поттикне култура на превенција и безбедност
ПРЕДАВАЧИ/ТЕМИ НА ОБУКАТА:
- Марко Милутиновиќ – основач и директор на GoSafe
- М-р Борче Стојчевски, стручно лице БР
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 11.12.2025 година (четврток), во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, ул.Христо Татарчев бр.44, Кисела Вода, 1000 Скопје термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 19:00 часот на ден 09.12.2025 година.
Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:
АГЕНДА
09:00 – 09:45 Регистрација на учесници
09:45 – 10:00 Вовед во програмата
10:00 – 10:45 Осмо редовно Годишно Собрание на Тутела, Скопје
10:45 – 11:00 Кафе Пауза
11:00 – 12:45 Сесија 1
12:45 – 13:30 Пауза за ручек
13:30 – 14:30 Сесија 2
14:30 – 14:45 Пауза
14:45 – 16:00 Сесија 3
16:00 – 16:30 Дискусија и затворање на обуката
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела



