Од 7 до 10 мај 2026 година, во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа Третиот Македонски конгрес за медицина на трудот со меѓународно учество и Четвртата Меѓународна конференција на Научниот комитет за медицина на трудот при ICOH.

Настанот го посетија над 150 учесници од повеќе од 20 држави, овозможувајќи размена на искуства, научни сознанија и современи пристапи од областа на медицината на трудот.

На конгресот свое учество земаа и членови на ЗИЗ Туела, преку темата „Грижи се за себе, грижи се за своето ментално здравје преку системите за БЗР“, со која ја потенцираа важноста на менталното здравје на работното место, намалувањето на стресот и улогата на системите за безбедност и здравје при работа во создавање здрава и поддржувачка работна средина.

Благодарност до организаторите и сите учесници за можноста за размена на знаења, искуства и добри практики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *