ВНИМАНИЕ !!!
Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
Согласно своите планирани активности и следејќи ги предлозите и потребите на стручните лица од областа на безбедноста и здравјето при работа, Здружението на инженери за заштита „Тутела“ – Скопје продолжува со реализација на своите програмски определби насочени кон унапредување на знаењата и јакнење на професионалните капацитети на сите чинители во областа на безбедноста и здравјето при работа во Република Северна Македонија.
Во таа насока, со особена чест и задоволство, Ве покануваме да учествувате на бесплатната стручна обука на тема:
,,ЛИДЕРСТВО ВО БЗР: Предизвици, комуникација и влијание во организацијата”

Современите организации се соочуваат со бројни предизвици поврзани со создавање и одржување на безбедна и здрава работна средина. Во такви услови, стручните лица за безбедност при работа (БР) имаат сè поизразена потреба, покрај своите технички знаења, да поседуваат и лидерски, комуникациски и организациски вештини со кои ќе можат успешно да влијаат врз процесите, однесувањата и културата на безбедност во организацијата.

Цел на обуката
Целта на обуката е да се унапредат знаењата, вештините и компетенциите на стручните лица за безбедност при работа за поефикасно извршување на нивната улога во организациите, преку развој на лидерски способности, ефективна комуникација и вештини за влијание. Обуката е насочена кон зајакнување на лидерската улога на стручните лица во БР, подобрување на нивната способност за комуникација со раководството и вработените, градење доверба и соработка, како и поттикнување на проактивна култура на безбедност. Дополнително, учесниците ќе стекнат практични знаења за препознавање и надминување на отпорот кон промените, управување со конфликти и предизвикувачки ситуации, како и примена на техники за убедување, преговарање и влијание без формален авторитет. Крајната цел е да се придонесе кон создавање позитивна организациска култура во која безбедноста и здравјето при работа се препознаени како заедничка вредност и одговорност, а стручните лица за БР да станат активни носители на промените и двигатели на континуираното унапредување на безбедносните перформанси во организациите.
Со учество на обуката, учесниците ќе имаат можност:
– да ја зајакнат својата лидерска улога и влијание во организацијата;
– да комуницираат поефективно со раководството и да ги претставуваат безбедносните прашања на јасен и убедлив начин;
– да изградат доверба и соработка со вработените и да поттикнат проактивна култура на безбедност;
– да препознаваат и надминуваат отпор кон безбедносните мерки и организациските промени;
– да управуваат со конфликти и предизвикувачки ситуации поврзани со безбедноста и здравјето при работа;
– да применуваат техники за убедување, преговарање и влијание без формален авторитет;
– да придонесат кон создавање позитивна организациска култура во која безбедноста претставува заедничка вредност и одговорност.
ПРЕДАВАЧИ/МОДЕРАТОРИ НА ОБУКАТА:
1.Александра Марковска – Квалити консалтинг
2.Јовче Павлов – АРЦ
3.Даниела Филиповска – SPAR North Macedonia
3.М-р Горјан Зивчевски, стручно лице за БР
4.Јасминка Петрушевска, стручно лице за БР
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 30.06.2026 година (вторник), во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, ул. Христо Татарчев бр.44, Кисела Вода, 1000 Скопје термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на РСМ 238/25), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 12:00 часот на ден 29.06.2026 година.
Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:
АГЕНДА
09:00 – 09:45 Регистрација на учесници
09:45 – 10:00 Вовед во програмата
10:00 – 11:30 Сесија 1
11:30 – 12:00 Кафе Пауза
12:00 – 13:30 Сесија 2
13:30 – 14:15 Пауза за ручек
14:15 – 15:30 Сесија 3
15:30 – 16:00 Дискусија и затворање на обуката
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела


