ВНИМАНИЕ!!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, согласно планираните активности за континуирано стручно усовршување и зајакнување на професионалните компетенции на стручните лица за безбедност и здравје при работа, Здружението на инженери за заштита Тутела Ве поканува да учествувате на стручна обука на тема:

„ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА“

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) отвора нови можности за унапредување на процесите во областа на безбедноста и здравјето при работа. Современите ВИ алатки овозможуваат подобра анализа на ризици, поефикасно управување со безбедносните процеси, поддршка при истраги на несреќи и донесување одлуки засновани на податоци.

Во рамките на обуката ќе бидат презентирани практични примери и современи пристапи за примена на вештачката интелигенција во БЗР, со посебен акцент на:

  • Можности за примена на ВИ во процесите на БЗР;
  • Користење на ВИ за анализа и проценка на ризици;
  • Примена на ВИ при истраги на несреќи и инциденти;
  • Автоматизација и дигитализација на безбедносната документација;
  • Предизвици, ризици и идни перспективи на ВИ во БЗР.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи ВИ алатки, практични примери од работната практика и начини за нивна примена во секојдневното работење на стручните лица за безбедност и здравје при работа.

Цели на обуката

  • Запознавање со основните концепти и можности на вештачката интелигенција;
  • Унапредување на знаењата за примена на ВИ во БЗР;
  • Презентација на практични примери и алатки кои можат да се користат во работното окружување;
  • Подобрување на процесите за анализа, превенција и управување со ризици;
  • Размена на искуства и добри практики меѓу учесниците.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

  • Валентина Тасева – „Можности за примена на вештачка интелигенција во БЗР“ – СЕМОС Едукација;
  • Филип Манчев – „Примена на вештачка интелигенција при истраги на несреќи“;
  • М-р Горјан Живчевски, стручно лице за БР – „Вештачка интелигенција во БЗР“.

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се одржи на 16.12.2026 година, во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, ул. Христо Татарчев бр. 44, Скопје, со почеток во 09:45 часот и предвидено завршување во 16:00 часот.
Регистрацијата на учесниците ќе се реализира во периодот од 09:00 до 09:45 часот. Деталната програма и временскиот распоред на темите се содржани во Агендата на настанот дадена на крајот од објавата.
Обуката е бесплатна и наменета исклучиво за членовите на Тутела, Скопје.
Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања, да дискутираат со предавачите и да разменуваат професионални искуства со колеги од различни организации и компании.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Сите заинтересирани за учество на обуката потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и да ја достават на e-mail: ziztutela5@gmail.com, најдоцна до 19:00 часот на 14.12.2026 година. Пријавите доставени по наведениот рок нема да бидат земени предвид.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.С.М. 238/25 ), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:

АГЕНДА

09:45 – 10:00 | Воведно обраќање и отворање на обуката
10:00 – 11:00 | Можности за примена на вештачка интелигенција во БЗР
11:00 – 11:15 | Кафе-пауза
11:15 – 12:00 | Примена на вештачка интелигенција при истраги на несреќи
12:00 – 13:00 | Деветто Годишно редовно Изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, Скопје
13:00 – 13:30 | Пауза за ручек
13:30 – 14:45 | Вештачка интелигенција во БЗР
14:45 – 15:45 | Дискусија, прашања и размена на искуства
15:45 – 16:00 | Заклучоци и затворање на обуката

Со почит,
ИО на Тутела – Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *