11 ГОДИНИ ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Почитувани колеги, на 01.08.2018 година се навршуваат 11 години од примената на Законот за безбедност и здравје при работа.
Закон за безбедност и здравје при работа (Сл.Весник на РМ 92/07) http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/92%2007.pdf
Во овој период се поставуваа безброј прашања за функционалноста на Законот и за тоа колку тој е добар или не, погледнато од сите аспекти и сите учесници во создавање на подобри услови за работа.
Оваа кратка анализа е само осврт за Ваше размислување, за изведување на заклучоци, каде сме по 11 години и дали предложеното решение соодветствува на вистинската патека кон помал број на несреќи при работа, зголемена култура на безбедно работење, безбедни работни места и сл.
Оваа анализа дава само неколку сегменти кои ги регулира Законот, кои реално до некаде можат да се прикажат низ бројки или пак да се дадат аналитички податоци.
Законот низ бројки
- Законски измени
Законот во овие 11 години доживеа 10 измени и 4 одредби беа корегирани од Уставниот суд на Р.Македонија. Основниот закон имаше 64 члена. Во изминатиот период направени се измени на 74 члена, додадени нови 41 член и еден е избришан, не сметајки ги Уставните одлуки. Најменуван член е членот 58 каде се дефинирани глобите за прекршоци од 3 категорија, па по него 57, 56, 51, 45, 22…… Воопшто неменувани членови се 4, 5, 7, 10, 14, 15, 16, 21, 23, 24, 25, 28, 29, 33, 34, 35, 37, 39, 40, 41, 44, 47, 49 и преодните и завршни одредби. Дури имаме измени и на новододадени членови каде приоритет по бројот на измени се 17ж и 17т.
- Повреди при работа
Иако во Р.Македонија е тешко да се дојде до релевантен податок за вистинските бројки на повредени лица, ова е обид да се направи барем некој сублимат од податоци поставени на интернет страните на надлежните институции, а потоа повлечени, но сепак во даден момент симнати од нашите колеги.
- Податоци објавени во редовни извештаи на надлежните институции
-Податоци од Државниот инспекторат за труд (ДИТ)
Повреди
Година |
Број на повреди* | Број на вработени** | Стапка на фреквентност на несреќи при работа |
2010 |
625 | 637855 | 97,98465 |
2011 | 786 | 645085 |
121,8444 |
2012 | 1446 | 650554 |
222,2721 |
2013 |
1338 | 678838 |
197,1015 |
Повреди со смртни последици
Година |
Број на повреди со смртни последици* | Број на вработени** |
Стапка на фреквентност на несреќи при работа |
2010 |
12 | 637855 | 1,881305 |
2011 |
12 | 645085 |
1,86022 |
2012 | 13 | 650554 |
1,998297 |
2013 |
16 | 678838 |
2,356969 |
-Податоци од Институтот за јавно здравје (информации за повреди на работа)
Година |
Број на повреди | Број на вработени |
Стапка на фреквентност на несреќи при работа |
2009 |
1048 | 622720 | 168,3 |
2010 |
870 | 659557 |
131,9 |
2011 | 1520 | 648617 |
234,3 |
2012 |
1375 | 657849 | 209,0 |
2013 |
1229 | 678838 |
181,0 |
2014 | 975 | 690188 |
141,3 |
2015 |
1222 | 705991 | 173,1 |
2016 | 894 | 723550 |
123,5 |
Сепак и овие податоци треба да се земат со резерва, бидејки голем дел од објавените информации сами по себе се контрадикторни. Така во Информацијата за повредите на работа 2015-2016 од Институтот за јавно здравје, не информираат дека имаме само 2 смртни случаи поради повреда на работа, а во медиумите се објавени најмалку 10, во индустрискиот и градежниот сектор. Односно реалната бројка може да биде само повисока од посточките објавени.
- Стручни лица за безбедност при работа
Според официјалните информации на ДИТ, досега 724 лица имаат положено испит за стручно лице за безбедност при работа. Според Државниот завод за статистика на крајот на 2017 година има 71.419 активни правни субјекти и 745.206 вработени.
Доколку Законот предвидува дека секој правен субјект мора да има стручно лице за безбедност при работа (јасна и прецизна одредба) со положен стручен испит (дискутабилно), тогаш едно стручно лице треба да опслужува 98,65 правни субјекти или 1029,3 вработени.
Доколку пак во предвид ги земеме барањата од Законот за извршување на услуги од овластени правни лица кои според ДИТ се 45, тогаш секое од овие правни лица треба да опслужи 1587 трговски друштва или 16.560 вработени. Како?
- Доктори по медицина на труд
Доколку овие бројки на вработени и правни субјекти ги споредиме со бројот на доктори по медицина на труд, кои според неофицијални податоци ги има околу 55, тогаш добиваме дека еден доктор, треба да опслужи 1298 правни лица или 13.549 вработени.
- Надзор
Надзор над примената на Законот, вршат инспектори на труд во делот на БЗР, при што своите обврски ги извршуваат согласно законите за инспекторатите. Според нив, тие еднаш годишно треба да ги посетат сите правни субјекти, а овластените 45 и двапати. Според ДИТ на крајот на 2017 година тие имаат 37 инспектори за безбедност и здравје при работа што пак кажува дека еден инспектор треба да посети 1930 правни субјекти или 160 месечно.
Ова беше „весела“ математика, во обид да ја прикажеме можноста за спроведување на Законот како што е напишан со сите расположиви ресурси, но и последиците од едно вакво законско решение.
Законот низ одредби
Задача 1. Како стручни лица во оваа област ќе Ве замолиме да одговорите: Дали секој работодавач мора да има стручно лице со положен стручен испит за безбедност при работа или ангажирано овластено правно лице?
За полесно одговарање Ви ги посочуваме членовите 3, 17, 18 и 46, но и целиот Закон.
Задача 2. Дали инспекторот може да Ве казни согласно член 58 став 1 доколку немате нова изјава за безбедност при промена на условите за работа?
За полесно одговарање Ви ги посочуваме членовите 11 и 58, но и целиот закон.
Задача 3. Кога законодавецот дава обврска на работодавачот да обезбеди мислење од синдикатот, се мисли на синдикалната организација кај работодавачот, гранковиот синдикат или нешто друго?
За полесно одговарање Ви ги посочуваме членовите од Закон за работни односи членови 184-202.
Преклопување со други закони
Не ретко во одредени одредби имаме преклопување со правните акти кои ги инспекторираат Дирекцијата за заштита и спасување и Техничкиот инспекторат. Често сме биле во ситуација чии документи важат, дали треба да имаме паралелни документи за иста работа и сл. Членови од Законот кои наведуваат за преклопување со други законски одредби се членот 24 и 33 каде не баш се поделени ингеренциите.
Ова е само еден сегмент од можната анализа на Законот по членови. Навлегувањето во практичната примена на законските одредби често ќе не доведе до безизлезна ситуација од која решението зависи од нечија желба.
Наскоро се очекува да се отворат, сите овие прашања, кои 11 години често не доведувале да се запрашаме, каде е проблемот, зошто не може да биде едноставно, туку е толку комплицирано.
ЗИЗ Тутела во натамошните активности ќе побара од сите Вас, како чинители, носители во Областа БЗР, активно да се вклучите во усогласување на законската регулатива, како за Законот за безбедност и здравје при работа, така и за подзаконските акти поврзани со БЗР.
11 години подоцна Закон за безбедност и здравје при работа (консолидиран текст) Закон за 16,11-законБЗР
ПРЕД СЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!!