ЗА НАС…….

Називот на здружението на граѓани е: Здружени на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.
Името на англиски јазик е: Association of Safety Engineers TUTELA, Skopje.
Скратениот назив на Здружението е: ТУТЕЛА, Скопје.
Логото на Здружението е круг во чија внатрешност се наоѓаат:
– централно е поставена апликација составена од збир на геометриски фигури (круг, полукруг, триаголник и правоаголник) изротирани, преклопени и поставени, така да формираат две човечки фигури свртени една кон друга, меѓу кои се поставени два преклопени делови од два полукруга во облик на мост кои ги поврзува;
– боите кои се застапени на апликацијата се две нијанси (посветла и потемна) на зелена боја;
– во горниот дел кружно околу апликацијата, во еден ред на македонски јазик, со кирилично писмо, во црна боја Здружение на инженери за заштита;
– во долниот дел под апликацијата во два реда на македонски јазик, кирилично писмо, во црна боја се испишани зборовите во прв ред ТУТЕЛА и во вториот ред Скопје.

Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, чија основна цел е етаблирање, промовирање и статусно издигнување, од аспект на стручност, на стручните лица од областите безбедност и здравје при работа (БЗР)/заштита при работа и противпожарната заштита(ППЗ), а преку тој пристап и промоција и унапредување на областите во Р. Македонија, регионално и на меѓународно ниво.
Иако меѓу стручната фела, идејатаќ за ново здружение,  опстојуваше подолг период, се даваше можност и оставаше време, на актуелните активни чинители од областите, да успеат да ги постават работите на свое место, меѓутоа, наместо промовирање на стручноста, искуството и капацитетите на стручните лица, актуелните чинители, областите ги сведоа далеку од нивото на стручност,
Како резултат и одговор на актуелните случувања во областите БЗР и ППЗ, на 28. 02. 2018 година, од страна на Иницијативниот Одбор, во објектот на Стопанската комора на РМ, со почеток во 18:00 часот, во присуство на 26 стручни лица и експерти од областите БЗР и ППЗ и двајца гости беше одржано Основачкото Собрание на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *