Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Сабота, 09.06.2018 година – Кино Култура

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, успешно ја реализира, првата од низата обуки, чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Како најава на активностите кои ќе следат, а во соработка со Институтот „Концепт“ и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје, успешно се реализира обука на канадската програма Rigs and wrenches на тема Безбедноста како личен избор™.

Искрено ни претставува задоволство што планираниот ограничен број на присутни лица, беше пополнет неколку дена пред крајниот рок за апликација.

Самата бројка на присутни, интересот на учесниците и активната вклученост во текот на целиот настан, е потврда дека ЗИЗ Тутела го трасира новиот современ пат на развој и унапредување на струката.

Веруваме дека со секој нареден настан, ќе успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/1Gu7QBMzTrWa4fg78

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *