Како завршен настан во одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа, ЗИЗ Тутела, со поддршка од НАПО, го промовираше вториот број од стручното списание за БЗР ,,ТУТЕЛА”.
Од овој број, Стручното списание за безбедност и здравје при работа ,,ТУТЕЛА” е со меѓународен стандарден број за периодични публикацииe ИССН (ISSN).
Во поглед на измените и новитетите во содржинскиот дел, во целост го пренесуваме обраќањето на Уредувачкиот одбро на списанието.
Почитувани колеги,
Пред Вас е вториот број на стручното списание за БЗР „Тутела“, веќе со дефинирани рубрики: Активности на „Тутела“ помеѓу два броја, Тема на бројот, Актуелности, Добра пракса од стручно лице, ППЗ, Практични совети за БЗР, БЗР околу нас и Стандарди за ЛЗО. Секако дека во следните броеви овие рубрики може да бидат изменети, дополнети со нови, со цел навремено информирање за сè она што се случува моментално и што е од интерес на сите заинтересирани за оваа област. Затоа отворени сме за Ваши предлози, сугестии кои може да ги доставете на нашата имејл адреса: contact@tutela.org.mk. Имајќи предвид дека списанието излегува двапати годишно, во април и октомври, краен рок за испраќање на Ваши статии е до крајот на месец февруари за списанието кое излегува во април, односно до крајот на август за она кое излегува во октомври.
Излегувањето на вториот број на списанието во пресрет на Европската недела за БЗР, беше пресудно одбележувањето на овој настан да биде тема на овој број. Во рамки на оваа рубрика може да го прочитате обраќањето на Криста Седлачек, директор на Европската агенција за безбедност и здравје при работа. Имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат стручните лица за БЗР во секојдневно извршување на своите работни обврски поради голем број недостатоци, противречености и недоречености во постоечката правна регулатива, во рубриката Актуелности се осврнуваме на потребата од што поскоро започнување со измена на законската и подзаконската регулатива од областа на БЗР. Во рубриката Практични совети за БЗР се обидовме да направиме компарација на меѓународниот стандард за системи за управување со БЗР, ISO 45001:2018 со претходниот веќе имплементиран од страна на повеќе компании OHSAS 18001. Во Рубриката ППЗ, Ве запознаваме со актуелните состојби и предизвици во сервисното одржување на противпожарни апарати и инсталации. Во рубриката БЗР околу нас, претставникот на независните хрватски синдикати Цветан Ковач нè запознава накратко со Социјалниот дијалог и партнерство во Република Хрватска, а во овој број во оваа рубрика може да прочитате и за тоа како е уредена БЗР во соседна Грција. Во рубриката Стандарди за ЛЗО, за овој број се одлучивме да напишеме за стандардите за ЛЗО за заштита на рацете.
„Безбедноста не е интелектуална вежба која нѐ одржува во работа. Таа е прашање на живот и смрт. Таа е збир на нашите придонеси во управување со безбедноста кои одредуваат дали луѓето со кои работиме ќе бидат живи или не“. (Сер Брајан Аплетон/Sir Brian Appleto
Уредувачки одбор