Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Вторник, 04.12.2018 година – Александар Сквер 2

 

Во соработка со Греен Левел Енерџи Институт, Здружението за безбедност при работа 28 Април и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје, успешно сe реализира, првата работилница на тема

„Безбедност и здравје при работа, енергетика, екологија ˂=˃ Паметни мрежи, обновливи извори на енергија, сила на природата” ,

чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Како и за претходните обуки и овој пат, за првата работилница, поради огромен интерес и за многу краток рок исполнување на ограничениот број на учесници, бевме приморани рокот за пријавување да го скратиме неколку дена пред претходно дефинираниот краен термин.

Посебно задоволство ни претставува што овој пат 99% од присутните беа членови на ЗИЗ Тутела, Скопје.

Големиот интерес на учесниците, активната вклученост во текот на целиот настан и по анализата на евалуациите, добиени од учесниците на работилницата, е потврда дека ЗИЗ Тутела продолжува чекор по чекор трпеливо да го трасира новиот современ пат на развој и унапредување на струката.

 

Сумарен приказ на евалуациите од настанот
Број на пополнети евалуации 24
Сумарно прашање ОЦЕНКА
1 2 3 4 5
Ќе ве замолиме да го оцените настанот, од информирање, тек и до самото завршување, со заокружување на броеви од 1 до 5, при што 1 е најслаба оценка. 0 0 0 9 15

 

Веруваме, дека со секој нареден настан, ќе успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

 

 

 

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/BFRrPKxGaWkgQkJx7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *