Почитувани колеги заштитари, членови на ЗИЗ Тутела,

Водејќи се од принципот ,,ЗАЕДНО ВО ПРОМОЦИЈА НА СТРУКАТА”, ЗИЗ Тутела на 28-ми Јануари испрати допис до релевантните чинители од областа БЗР (ЗЗПРБитола, ЗБР 28-ми Април, МЗЗПР, МТСП, ДИТ и Совет за БЗР) за заедничко одблежување на 28-ми Април Светскиот ден за БЗР.

Дописите кои ги испративме содржински можете да ги погледнете овде:

Како одговор ги добивме следните дописи

————————————————————————————————–

Одговор од Претседателот на Советот за БЗР испратен преку е маил гласеше

Почитуван м-р Ангеловски,

Ви благодарам на пораката и на иницијативата на Здружението„Тутела“ во врска со заеднички активности во одбележувањето на Светскиот ден на БЗР-2019 година, која е за поздравување.

Советот за БЗР како национално советодавно тело на Владата на РМ, чии членови се претставници на сите клучни партнери во областа на БЗР, вклучувајќи ги и Здруженијата за ЗПР, од 2016 год. ја има обврската  под покровителство на Министерството за труд и социјална политика, секоја година  да го одбележува Светскиот ден на БЗР-28.Април и тоа ќе го направи и оваа година. Таа обврска подразбира  активно инволвирање на сите заинтересирани страни  во заеднички настап за што посилна промоција на пораката на Светскиот ден за БЗР на сите нивоа на заедницата, во нашата земја, при што вашата иницијатива секако ќе ја имаме предвид.

 За вашиот допис бев информирана и од  м-р Милан Петковски, актуелен член на Советот, а истиот ќе биде презентиран на првата наредна седница на Советот за БЗР.

Остануваме во контакт,

 Со почит,

 Проф.д-р Јованка Бислимовска

Претседател на Советот за БЗР
————————————————————————————————–

Одговор од ДИТ испратен преку е маил гласеше:

​Почитувани,

Соработката на ДИТ и здруженијата по БЗР се приоритет за нас. Ме радува податокот дека сте ги контактирале и другите здруженија околу организацијата за одбележување на 28 Април. Чекаме да Вие заеднички организирате и навремено не контактирате околу договореното.
Поздрав
Аљајдин Хавзиу


————————————————————————————————–

Одговорот од МЗЗПР можете да го симнете овде :

Од страна на ЗЗПРБитола и 28-ми Април согласно Меморандумот за соработка уште од самиот почеток беше постигнато усогласување за зеднички активности.
————————————————————————————————–

НA 07.02.2019 г. НА НАШЕ БАРАЊЕ, ПО ДОБИЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАКАЖАН СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА БЗР, ЗА ПРВ ПАТ ОД СТРАНА НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ВО СОВЕТОТ ЗА БЗР НИ БЕШЕ ДОСТАВЕН ДНЕВНИОТ РЕД ЗА СОСТАНОКОТ

 Дневен ред

1.Кус осврт на активноста на Националниот Совет за БЗР во 2018 година ( Претседател на Советот, проф.Бислимовска)

2.Информација за досегашни активности од областа на БЗР, согласно Акцискиот план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020, за период 2017-2018 година ,

(информација од сите членови на Советот во име на организација/институција/  здружение кое го претставуваат,  согласно доменот на работата и обврските од Акцискиот план- на состанокот да се има подготвен кус писмен извештај со наведени активности , макс.1 стр.)

3. Информација за планираните активности од областа на БЗР, согласно Акцискиоит план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020,за 2019 година ( учество на сите членови на Советот)

4.Разно (Одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, 28.април, 2019; Национална награда за добра пракса на БЗР 2018 и др.)

-Дискусија

————————————————————————————————–

ВРЗ ОСНОВА НА ДОБИЕНИОТ ДНЕВЕН РЕД, А СО ЦЕЛ АКТИВНО ДОПРИНЕСУВЊЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА НА БЗР, ДО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ЗА БЗР, ГО ДОСТАВИВМЕ СЛЕДНИОТ Е МАИЛ

Почитуван,

Пред се би сакале да Ви се заблагодариме за споделените информации во врска со состанокот на Советoт за безбедност и здравје при работа (БЗР), закажан за 08.02.2019 г. (петок).

Како Здружение кое од самото формирање се залага за несебична соработка и споделување на идеи, искуства и добра пракса во делот на БЗР, истиот ден, откако ги добивме точките од дневниот ред од Ваша страна (07.02.2018 г.), одржавме состанок на ИО на Здружението.

На состанокот детално ги разгледавме точките  и како Заклучок од истиот, а воедно и  како предлози за дополнување на Вашата дискусија за состанокот на Советот за БЗР, Ви го доставуваме следното:

1.Во врска со втората точка од дневниот ред  ,,Информација за досегашни активности од областа на БЗР, согласно Акцискиот план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020, за период 2017-2018 година ,(информација од сите членови на Советот во име на организација/институција/  здружение кое го претставуваат,  согласно доменот на работата и обврските од Акцискиот план- на состанокот да се има подготвен кус писмен извештај со наведени активности , макс.1 стр.)”, Ви доставуваме – Прилог информација за сите наши активности на полето на БЗР (Март 2018 – Јануари 2019) од каде можете да извадете одредени информации согласно точката за нашите досегашни активности

2.Во врска со третата точка од дневниот ред ,,Информација за планираните активности од областа на БЗР, согласно Акцискиоит план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020,за 2019 година ( учество на сите членови на Советот)” , Ви доставуваме – Прилог План и програма за работа на Здружението во 2019 година, од каде можете да извадете одредени информации за нашите идни активности

3.Во врска со четвртата точка од дневниот ред ,,Разно (Одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, 28.април, 2019; Национална награда за добра пракса на БЗР 2018 и др.)”покрај дописот кој ви го испративме на 28 Јануари (заедничко одбележување на 28ми Април Светскиот ден за БЗР) за кој согласно одговорите кои ги добивме од Вас и почитуваната Претседателка на Националниот Совет за БЗР, ќе биде разгледан на Состанокот, го даваме и следниот предлог кој е во врска со конкурсот за Национална награда за добра пракса за БЗР во 2018 година и начинот на негова реализација.

– Искуствено сите членови на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, Скопје, потекнуваат од релевантни фирми, од кои дел имаат и добиено Национални награди за добра пракса за БЗР во претходните години, и ,,делумно” се запознаени со постапката.

Од контакти со нашите членови (состаноци, преписки, директни средби, предлози) согледавме дека на оваа тема не постои интерес од нивна страна за учество во конкурсот, поради не доволно дефинираните критериуми за учество, поточно: 

– услови кои треба да ги исполни апликантот за да може да учествува (пр.членство во ССМ, ОРМ, имплементирани стандарди, носрми и сл.) 

– комисија – состав, членови (од кои организации/институции колку членови се застапени)

– начин на бодување и рангирање

– несигурност од посетата на комисијата (поголем број од нив ги перцепцираат посетите како контрола од страна на ДИТ)

За да се промовира настанот и да се зголеми одзивот на учесниците го предлагаме следното:

А)Изготвување на Акти за:

1.Состав и број на комисија за избор на фирма добитник на Национална награда за добра пракса за БЗР (од која организација/институвија по колку членови има)

2.Начин на работа на комисијата за избор на фирма добитник на Национални награди за добра пракса за БЗР

3.Точно дефинирање на критериумите кои треба да ги исполни фирмата и начин на бодување

Б) Воведување на три награди (за прво место, второ место, трето место) во секоја категорија на фирми ( мали, средни и големи)

В) Воведување на нова награда ,,Најмногу одвоени средства за БЗР” со точно дефинирање, што се може да се прифати како средства одвоени за БЗР

Генерално како Заклучок, имајки го во предвид краткиот рок по добиената информација за состанокот на Националниот Совет за БЗР,  ќе потенцираме, иако можеби се кратки роковите за промена на нештата, се е возможно ако ЗАЕДНО се заложиме, ЗАЕДНО и ќе успееме.

Би Ве замолиле да ги информирате членовите на Националниот совет за БЗР, за нашите предлози.

Со искрени желби за успешна соработка,

Извршен Одбор на ЗИЗ Тутела, 

————————————————————————————————–

КАКО ИНФОРМАЦИЈА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА СОСТАНОКОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ, ОД СТРАНА НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА, (ЗА ПРВ ПАТ, ПОВТОРНО НА НАШЕ БАРАЊЕ), НИ БЕШЕ ПРАТЕНА СЛЕДНАТА ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани колеги,
Прво да искажам благодарност за добиените информации од страна на колегите од Тутела. Иако рокот кој го добивте беше краток, сепак кудоз за направените напори. Воедно, за да не се доведуваме во вакви ситуации од “денес за утре” побарав и од претседателот на Советот да се овозможи повеќе време за добивање на одговори.
Кратка информација по однос на денешниот состанок во Советот за БЗР;
По однос на првата точка од дневниот ред:1.Кус осврт на активноста на Националниот Совет за БЗР во 2018 година ( Претседател на Советот, проф.Бислимовска) – во прилог ви го доставувам извештајот кој го сподели со нас претседателот на Советот По однос на втората точка од дневниот ред:2.Информација за досегашни активности од областа на БЗР, согласно Акцискиот план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020, за период 2017-2018 година ,(информација од сите членови на Советот во име на организација/институција/  здружение кое го претставуваат,  согласно доменот на работата и обврските од Акцискиот план- на состанокот да се има подготвен кус писмен извештај со наведени активности , макс.1 стр.)морам да потенцирам дека побарав од Претседателката на Советот да ми овозможи на урнекот на Акцискиот план да може секоја од организациите да го впише својот учинок, бидејќи е-маилот кој го добив на час пред седницата од колегите од Тутела не можев да го разгледам и да ги предочам пред членовите на Советот. Сметајќи дека можам да направам превид на било која од активностите кои ги имаат превземено Вашите здруженија, го предлагам следново:

  • Ќе закачам урнек од Акциониот план со конкретните точки кои вие ќе можете да ги пополнувате  приклучени на мрежа во контекст кој најдобро ја опишува Вашата активност. Ова ќе го направам во Google doc
  • По пополнувањето на оваа активност, документот ќе биде заклучен – како што е – и истиот ќе биде испратен до преставникот на Советот. Закачувањето и заклучувањето ќе биде во период од понеделник до петок.
  • Доколку има потреба од дополнителни објаснувања по однос на напишаното, истото ќе го искомуницирам индивидуално со вас

 3. Информација за планираните активности од областа на БЗР, согласно Акцискиоит план за БЗР 2017-2020 , од Стратегијата за БЗР 2020,за 2019 година ( учество на сите членови на Советот)
По однос на оваа точка, беа покренати неколку прашања од страна на членовите на Советот, кои највеќе зафаќаа во делот на регулирање на конкретни области, како што е:

  • Користење на алкохолот и психотропни супстанции на работното место
  • Сексуално вознемирување
  • Ергоомско работно место
  • Нејонизирачко зрачење итн.
4.Разно (Одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, 28.април, 2019; Национална награда за добра пракса на БЗР 2018 и др.)

Во однос на последната точка, Советот се согласи дека одбележувањето на “28 април” треба да биде со заеднички настан во организација на Советот, а под патронат на МТСП. Датумот ќе биде дополнително определен, но имајќи впредвид дека истиот се паѓа во недела, веројатно ќе терба дополнително да се договориме околу оваа точка. Воедно напомнав дека МЗЗПР секогаш го одбележува овој ден на самиот ден и тоа ќе го направиме и оваа година, по што согласност на Советот е покрај централната манифестација, се охрабруваат сите правни субјекти, како и поединци да организираат вакви манифестации во своите микросредини. Воедно, би било од корист, но и заради поголема видливост на сите иницијативи, претсавниците на заинтересираните страни да ги соберат секој индивидуално (што планираат да прават индивидуално за одбележување на 28 април) и истите да ги достават до своите преставници.
Воедно ја користам оваа прилика да Ве повикам да делегирате свои членови кои би биле дел од комисиите кои би ги оценувале компаниите кандидати кои би доставиле пријава за добивање на награда за БЗР. 
Покренувајќи го прашањето на доделување на други награди, ставот на Советот е во моментот да се задржи овој формат на наградување, а секоја од организациите може да дава награди по основ кој смета дека најцелисходен.

На крајот, претседателката на Советот ги запозна членовите за одржаниот состанок со ФЕС во просториите на МТСП и иницијатива на фондацијата за нејзино вклучување во јадрената група која ќе присуствува на работилници кои ќе бидат организирани од страна на фондацијата. Но заради неможност да се разберат одредени активности/намери на самите работилници, од фондацијата ќе биде побарано дополнително објаснување.
Седницата на Советот беше завршена со споделување на одличната вест за претсавување на промотивното видео во продукција на МЗЗПР и BALcanOSH.net за подигнување на јавната свест за прашањата поврзани со создавање на превентивна култура на работа на бројни национални канали низ Балканлскиот регион, вклучувајќи го и National Geographic 
Поздрав,

Milan PETKOVSKI, Mr. of OSH and FS; Dipl. OSH eng
President

————————————————————————————————–

Заклучокот извлечете го САМИ !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *