ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!

Почитувани,

Ни претставува посебна чест, да Ве поканиме да земете активно учество со аплицирање, во изборот на најдобрите литературни творби изработени од учениците од Р.С. Македонија на конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2018/2019 година, настан кој за прв пат се одржува со тенденција да стане традиционален. Вашето учество се содржи со апликација во категорија (расказ или песна) напишани во периодот 28.04.2018 – 15.04.2019 година, чија тема е безбедност и здравје при работа.

Цалокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

Целата активност ќе се одвива со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции како Биро за развој на образованието.

Рокот за апликација започнува на 24.03.2019 година и ќе трае се до 15.04.2019 година.

Доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која ќе се одржи на ден 24. 04. 2019 г.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА

Право на учество има секој ученик од основно образование запишан во било кое ООУ на територија на Р.С. Македонија.

Во зависност од видот на литературна творба, секој ученик ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Покрај наградите за учениците ќе се доделат награди и за менторите на учениците и училиштата.

Формуларот (апликацијата) за учество на Повикот можете да го превземете :

во верзија Ms Word :

во верзија .pdf :

Во самиот формулар (апликација) задолжително се запишува името на менторот на ученикот (наставник, професор и сл.).

Секое училиште во формуларот предлага член за комисијата која ќе ги евалуира пристигнатите трудови кој може да биде наставник или професор по мајчин јазик како и друг наставник, професор или вработен во стручни служби кој има издадено најмалку една збирка на песни или раскази.

Во зависност од бројот на трудови организаторите планираат печатење на збирка од сите пристигнати трудови (во согласност со авторите и нивните застапници) која ќе биде поделена, покрај во задолжителните институции и во училишните библиотеки и библиотеките на организаторите.

Јазик на пишување и доставување на творбите

Јазикот на кој треба да се пишуваат и достават творбите е мајчин јазик. Творбите кои ќе бидат напишани на јазик различен од Македонскиот јазик треба да бидат преведени и на Македонски јазик.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Изборот на награди ќе го изврши стручна комисија која ќе се состои од членови од бирото за развој на образованието и сите предложени членови на комисијата од секое училиште кое аплицира со најмалку еден труд. Секое училиште апликант дава само еден член на комисијата.

Организаторите по добивањето на литературните дела истите ги препраќа до сите членови на комисијата без ознака од кое училиште доаѓаат.

Членовите на комисијата во зависност од бројот на пристигнати литературни дела ги вреднуваат во секоја посебна категорија со тоа што нема да можат да ги вреднуваат делата кои се од нивното училиште за обезбедување непристрасност.

Рангирањето се врши за секоја категорија посебно според најголем збир на бодови од сите членови на комисијата.

НАПОМЕНА: Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2018 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com и тел. 070 / 54 79 41 (Лидија).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *