ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА!!! УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ СУПСТАНЦИ!!!

ВНИМАНИЕ!!!                                                                  

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Како медиумски партнер на EU-OSHA, а во согласност со актуелна кампања 2018 – 2019 година, чија тема е Управувње со опасни супстанци, ЗИЗ ТУТЕЛА ја има честа и привилегијата да Ве покани, да учествувате на бесплатната обука на тема:

„Опасни материи – препознавање, категоризација, влијанија, обврски, ЛЗО.

Целта на обуката е преку практични примери и различен пристап, тимски, користејки  најсовремени методи, да ги препознаете и категоризирате опасните материи, а врз основа на тоа, знаејки ги  влијанијата на опасните матери врз здравјето на работниците, да ја примените најсодветната лична заштитна опрема и да ги исполните Законските и подзаконските обврски.

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 12.06.2019 година(среда), со почеток од 09:00 часот, во објектот на Кино Култура ( ул.Луј Пастер бр.3, Скопје).

Бројот на учесници е ограничен, обуката е исклучиво наменета само за членовите на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА.

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14).

Рок за пријавување:09.06.2019 год. 

 МОДЕРАТОРИ / ПРЕДАВАЧИ !!!

Проф. Елисавета Стикова

Oд 1985 година во континуитет е вклучена во наставно-научната дејност, а од 2002 година е редовен професор по медицина на труд на Медицинскиот, а во одредени периоди и на 4 други факултети на УКИМ.

Во изминатиот период, во вкупно траење од речиси 3 години, била ангажирана како визитинг професор во областа на професионалното и јавното здравје и медицината на трудот на 4 од најпрестижните медицински факултети, рангирани меѓу првите 100 во светот и тоа на Универзитетот во Шефилд (Англија), Јагелонскиот униврзитет во Краков (Полска), Универзитетот во Питсбург (САД) и на Универзитетот Мк Гилл во Монтреал (Канада). Во повеќе наврати таа е ангажирана и како предавач и член на научните одбори на неколку Институти за напредни студии во рамките на програмата Наука за мир и безбедност на НАТО (ASI-NATO), а во 2006 година, во соработка со Дрексел Универзитетот од Филаделфија (САД) таа е ко-директор на Инстутот за напредни студии на програмата за наука и мир на НАТО во областа на јавно-здравствената подготвеност за одговор на катастрофи при радиолошки, хемиски и биолошки закани.

Проф. Стикова е автор на 3 високошколски учебника во нејзиното поле на работа, уредник и автор на други 20-тина книги, водичи за добра практика  и поглавја во книги, како и на повеќе од 200 трудови и соопштенија публикувани и презентирани  во национални и меѓународни списанија и на научни конференции. За својата работа таа е добитник на повеќе признанија како и на највисоката награда што ја доделува Македонското лекарско друштво – Плакетата Др. Трифун Пановски и јубилејни признанија од страна на Медицинскиот факултет.  Поседува лиценца за работа по медицина на труд на ЛКМ.

_

Борче Стојчевски

Стручно лице за безбедност при работа со долгогодишно искуство во областа. Магистрира при универзитетот Гоце Делчев Штип на Факултетот за природно технички науки и се стекнува со звање магистер на технички науки – инженерство на работна средина. Во своето долгогодишно работно искуство вниманито го насочува кон физичките и хемиските штетности, начинот на нивна детекција, препознавање, проценување и мерки за заштита. Предавач е на голем број на стручно-научни конференции во РС Македонија и пошироко, како и на повеќе обуки организирани за стручните лица.

—–

АГЕНДА

09:00 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 10:15 Вовед во програмата
10:15 – 11:45 Сесија 1
11:45 – 12:15 Кафе пауза
12:15 – 13:45 Сесија 2
13:45 – 14:30 Ручек
14:30 – 16:00 Сесија 3
16:00 Затворање на обуката

—–

Поканата и Пријавата за настанот можете да ги превземете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *