Во првата фаза од повикот за аплицирање, квалификување и избор, на најдобрите правни субјекти во 2025 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места, во сите 4 (четири) категодии од повикот, апликација поднесоа 18 (осумнаесет) правни субјекти кои работат на територијата на РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД) – 3 (три) Правни субјекти

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД) – 3 (три) Правни субјекти

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД) – 7 (седум) Правни субјекти

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. – 5 (пет) Правни субјекти

Во втората фаза следи формирање на комисија, која стручно и најтранспарентно ќе ги евалуира и избере, најдобрите правни субјекти за 2025 година, кои допринеле во сопствениот развој и ЗАШТИТАТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места,

Прогласувањето на правните субјекти кои имплементирале најдобри практики во безбедни и  здрави работни места, ќе се изврши на 28.04.2025 година, на настан организиран од страна на трите Здруженија на стручни лица по БР, по повод Светскиот ден за БЗР, на кои ќе бидат поканети присуство да земат претставници на сите чинители од областа БЗР. (МТСП, ДИТ, МОТ-Канцеларија во Скопје, МЗМТ … )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *