Конечно, дојдовме до крајот на овогодинешниот дел од пректот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”. Проект со кој ги размрдавме малите умови, малите генијалци, малите, а големи промотори на областа БЗР.

 „Секој живот вреди вселена“,„Човечкиот живот нема цена“  – зборови на малите творци со големо срце, творци кои уште низ многу други зборови употребени во своите творби ќе ни кажат: „Безбедност, здравје, сигурност… да се овозможи, гарантира на секој“ но и: „Погрижете се за БЗР да дознаеме сите до еден“.

Тие мали рачиња, кои се посветија на творештво, кои успеаа да ги ,,размрдаат” своите родители, роднини, да им помогнат да создадат творба, песна, расказ … да ги натераат да дознаат или осознаат што е БЗР, можеби не многу, не целосно, но веруваме дека барем малку успеаа да допрат до срцето, душата, мислите и да им покажат дека за да бидат заедно сите, мораат да се чуваат и грижат за себе, и по завршување на работниот ден, живи и здрави да се вратат дома.

На Светскиот ден на БЗР ги собравме и наградивме најдобрите, а во Европската недела за БЗР, ги издаваме, во ЗБИРКА ПЕСНИ И РАСКАЗИ ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”

На ден 24.10.2019 г., со почеток во 10:00 часот, во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, во присуство на авторите на творбите во неа, ке се случи ПРОМОЦИЈА НА :

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *