24. 10. 2019г – Клуб на пратеници

Оваа година, за прв пат, заеднички, сите чинители од областа БЗР, под палка на Министерството за труд и социјална политика како фокал поинт на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и во соработка со Националниот совет за БЗР, се организираше настан за одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

На настанот пред присутните претставници од стручната фела, прв се обрати заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, кој во своето обраќање подвлече дека оваа тема е особено значајна и актуелна, имајќи ги во предвид истражувањата и анализите кои недвосмислено покажуваат дека сè поголем број на работници на своите работни места се изложени на влијанија на опасни супстанции.

Тој истакна дека одбележувањето на Европската недела е само еден мал повод и потсетник кој треба сите да не поттикне заеднички континуирано да работиме токму на подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа. Во таа насока, Република Северна Македонија недвосмислено ја покажува својата намера и цврста решеност и понатаму да се залага за унапредување на здравјето на работниците и безбедноста на работните места, промовирање на културата и политиката на превенција.

„Во овој контекст, сакам посебно да ја потенцирам и важноста на работата и улогата и на Националниот Совет за БЗР, кој како експертско советодавно тело дава значаен придонес во изминатиот период, како во креирањето на стратешките и оперативни документи од областа, така и во следењето на состојбите во делот на БЗР, поттикнување на иницијативи итн. Во оваа прилика би ги споменал и Државниот инспекторат за труд и инспекторите, кои со своите секојдневни активности на терен и со капацитетите со кои располагаат, континуирано ја следат и контролираат примената на законски предвидените обврски во однос на обезбедување на безбедна и здрава средина за работниците. Особено важно, е начинот на кој го водиме овој процес,  транспарентно и со консултација и вклученост на сите субјекти кои на различен начин учествуваат во креирањето или имплементацијата на политиките и системите за Безбедност и здравје при работа ”, потенцираше заменик министерот.

По обраќањето на заменик министерот Бајрактар, на присутните им се обрати и претседателката на Националниот совет за БЗР, проф. д-р Чалоска, која потенцираше дека во иднина Националниот совет ќе ги вклучи сите чинители од областаво решавање на предизвиците со кои се соочува областа БЗР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *