На самиот крај на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа, излезе од печат четвртото издание на Првото стручно списание за БЗР ,,ТУТЕЛА”, со што ЗИЗ ТУТЕЛА како медиумски партнер на Европската агенција за безбедност и здравје при работа за кампањата 2018/2019 г., ,,Здрави работни места – Управување со опасни супстанци”, и оваа година преку низа настани ја одбележа истата.

И во овој број продолжи соработката со канцеларијата на
Фондација Фридрих Еберт Скопје ,
која го поддржа печатењето и издавањето на списанието.

Радува фактот што од број во број, стручната фела, преку пишување на стручни статии и споделување на искуства, го препознава значењето на постоење и потреба од стручно списание.

Со секој нов број, се зголемува бројот на испечатени страници , како и бројот на содржини, кои покриваат се повеќе и повеќе стручни теми од областа безбедност и здравје при работа.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

На следниот линк можете да го симнете списанието:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *