Со цел промоција на дел од заедничките цели и програми, взаемна поддршка и настап пред одредени институции, а воедно и следење и взаемна помош при имплементација на европските стандарди од областите Безбедност и здравје при работа и Заштита на животната средина, преку системски, едукативен и промотивен пристап потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и Здружението за социоекономски развој и животна средина ЗОРБЕЕКС,Скопје.

Со овој меморандум конкретно го покриваме и делот на следење на светските трендови за здрава и зелена околина, каде се соочуваме со се поголемата актуелност и примена на мерките за енергетска ефикасност преку нивно насочување кон оптимизрање на постојните системи. Со самото тоа започнуваме со актуелизирање на прашањата во кој дел од оваа приказна е заштитата на самите вработени кои се неминовен дел од овие процеси.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *