Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

На ден 28.01.2020 година, 12:00 часот, во просториите на х.Панорама, Делчево, се одржа работен состанок/промоција на новото Здружение на граѓани за унапредување на работна и животна средина ПРОТЕК ДЕЛ, Делчево.

Согласно наводите во самата покана за настанот, Здружението ПРОТЕКТ ДЕЛ е самостојна, хуманитарна и стручна организација на сите заинтересирани полнолетни физички и правни лица, чија цел е унапредување на работната и животната средина.

Претседател на ЗГ ПРОТЕКТ ДЕЛ, Делчево е г-дин Зоран Станоевски.

На настанот присуствуваа и претставници на ЗИЗ Тутела, кои го пренесоа ставот на ИО на ЗИЗ ТУТЕЛА посакувајќи им на колегите од најмаладото Здружение искрено и несебично добредојде на полето на БЗР.

Воедно беше искажано дека ко Здружение, ЗИЗ Тутела, искрено, со задоволство ја примивме информацијата за формирањето на новото Здружение „ПротектДел“, Делчево , меѓу другото и поради тоа што повеќе ЗИЗ Тутела, не е најмладото Здружение во државата, чија основна цел е промоција на областа БЗР. ЗИЗ Тутела Ви посакува успешен старт и континуиран развој и напредок во иднина. Најискрено се надеваме, дека преку взаемна соработка и поддршка, заедно со другите чинители, ќе допринесеме за поголема промоција и унапредување на областа БЗР во сите пори од општеството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *