02.03.2019 – По повод една година од формирањето на ЗИЗ Тутела, беше организирана роденденска забава.

10.03.2019 – ЗИЗ ТУТЕЛА заедно со Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа 28 Април – Скопје, го објави повикот за учество на конкурс за доделување на годишни награди за добри практитки во БЗР за 2018 година,
Награди ќе бидат доделени во 4 категории:
Категорија 1 – Услужни дејности;
Категорија 2 – Административни дејности;
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.
А) Мали претпријатија – до 50 вработени;
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени;
В) Големи претпријатија – над 250 вработени;
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

23.03.2019 – беше објавен повик за аплицирање, во изборот на најдобрите литературни творби изработени од учениците од основните училишта на конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2018/2019 година, настан кој за прв пат се одржува со тенденција да стане традиционален.
Во зависност од видот на литературна творба, секој ученик ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение);
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение);
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение);
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение).
Наградите од двата повика ќе бидат доделени на свечена церемонија, по повод Светскиот ден на БЗР, која ќе се одржи на ден 24.04.2019 година.

29.03.2019 – Во организација на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, во хотел Alexandar Square, се одржа работна средба со претставниците на стручните лица и експерти во областа на БЗР (безбедност при работа, медицина на трудот, академската јавност).
Средбата се организира во рамките на отпочнатиот процес на ревидирање и унапредување на законската рамка за безбедност и здравје при работа, на која претставници од Тутела, Скопје земаа активно учество.

24.04.2019 – По повод 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика, заедно со Националниот совет за безбедност и здравје при работа и со поддршка на Канцеларијата на Фридриџ Еберт – Скопје, организираа пригоден настан за одбележување на овој датум. Настанот се одржа во МКЦ Клуб Ресторантот. На настанот за првпат беа присутни и активно вклучени во програмата сите чинители од областа БЗР (стручната, научната и медицинската фела). Од страна на Националниот совет за БЗР, беа доделени награди во следните категории:
– Мали компании до 50 вработени – ЕВН Електрани ДООЕЛ, Скопје
– Средни компании до 250 вработени – ДС Смитх АД, Скопје и
– Големи компании над 250 вработени – Џонсон Мети ДООЕЛ
На настанот се обрати и г-дин Борче Стојчевски (Тутела, Скопје), кој го истакна значењето на Светскиот ден на БЗР и посебен акцент даде на актуелните состојби во областа БЗР во државата.
Како дел од одбележувањето од страна на трите стрчни Здруженија, Здружението на инженери за заштита Тутела,Скопје, Здружението за заштита на Општина Битола, Битола и Здружението за безбедност при работа ,,28-ми Април”, Скопје, деделија две награди, и тоa:
-Специјална награда за најмногу доставени трудови на повикот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ” , беше доделена на ООУ ,,Гоце Делчев”, Илинден,
-Специјална награда за добри практики во 2019 година за апликација доставена на повикот за добри практики на правните субјекти, беше доделена на Витаминка АД, Прилеп.

24.04.2019 – Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола и Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје, како Здруженија кои го избраа патот, ЗАЕДНО, активно да работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), организираа настан под мотото ,, БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ИДНИНАТА Е ВО МЛАДИТЕ”, на кој, пред повеќе од 100 присутни, чинители од областа БЗР, во х.Арка, Скопје, со почеток во 13:30 часот, беше одбележан Светскиот ден за БЗР 2019 година. На настанот беа доделени наградите за правните субјекти за добри практики во областа БЗР во 2018 г., како и награди за најдобрите литературни творби од конкурсот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ (песни и раскази за ученици од прво до деветто одделение).

24.04.2019 – Промовиран третиот број на Првото стручно списание за безбедност и здравје при работа ,,ТУТЕЛА”

24.04.2019 –  Најавено е отпочнување на посртапката за објавување на Меѓународно списание ТУТЕЛА / International Journal TUTELA, чија основна цел е да објавува висококвалитетни трудови, студии на случаи и добри практики.

12.06.2019 – Во насока на реализација на своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија, ЗИЗ Тутела како медиумски партнер на EU-OSHA, а во согласност со актуелна кампања 2018 – 2019 година, чија тема е Управувње со опасни супстанци, организираше обука на тема „Опасни материи – препознавање, категоризација, влијанија, обврски, ЛЗО“.  Целта на обуката беше преку практични примери и различен пристап, тимски, користејќи најсовремени методи, да може да се препознаат и категоризираат опасните материи, а врз основа на тоа, знаејќи ги  влијанијата на опасните матери врз здравјето на работниците, да се примени најсодветната лична заштитна опрема и да се исполнат законските и подзаконските обврски. Обуката се одржа во хотел Континентал, а предавачи беа проф. д-р Елисавета Стикова и м-р Борче Стојчевски.

22.06.2019 – Во истиот период како и минатата година, веќе традиционално и оваа година, беше организиран вториот еднодневен Пикник, „ТУТЕЛА И СЕМЕЈСТВОТО – 2” со посета на Винарската визба ,,Кралица Марија” – Демир Капија. На пикникот членовите на ЗИЗ Тутела, заедно со своите семејства, уживаа во убавините на комплексот и заедничкото дружење со колегите.

02.09.2019 – Во насока на отстранување на евентуалните нејаснотии и непрецизности, во Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, иницијатива на МТСП, беше организиран работен состанок во просториите на Министерството за труд и социјална политика, на кој претставници на Тутела Скопје, зедоа активно учество.

12.09.2019 – Во соработка со Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), Фирмата Стенсо МАК, Скопје и поддршка од Здружението за БЗР „28-ми Април”, во хотел Континентал се одржа стручна обука на тема: „СТАНДАРДИ во БЗР – пристап, значење, примена, имплементација“. Целта на обуката беше преку практични примери и пристап, стручни насоки на следење, користење и имплементирање на стандардите за ЛЗО, при тоа користејќи ги различните можности за нивно изнаоѓање, да Ве поттикне најбрзо, најпрактично и најсигурно да го најдете потребниот стандард за одреден вид на ЛЗО или одредена процедура. Предавачи на обуката беа претставници од ИСРСМ, фирмите за лична заштитна опрема Бултекс-Бугарија и Стенсо Мак –РС Македонија.

08.10.2019 – во хотел Best Western, ЗИЗ Тутела во соработка со Фирмата Армор ПЛУС ДОО, Скопје и поддршка од Здружението за безбедност при работа „28-ми Април”, Скопје,  ја организираше петтата стручната обука на тема: „РАБОТИ НА ВИСИНА – РАБОТИ БЕЗБЕДНО “. Целта на обуката беше преку практични примери и пристап, стручни насоки на следење, европски искуства од врвни експерти, да Ве поттикне најбрзо, најпрактично и најсигурно да го најдете соодветното заштитно средство за безбедно да ја реализирате вашата работна задача на висина. Обуката беше насочена кон колективните заштитни средства и мерките за работа на висина, практична за стручни лица за безбедност при работа, проектанти и други заинтересирани лица кои имаат потреба од трајно или привремено поставување на системи за колективна заштита при работа на висина (антенски столбови, кровни конструкции, крански патеки, скелиња, висечки скелиња и сл.). Предавачи на обуката беа, Michael Ewald – DELTA PLUS FRANCE, Benoit Mathel-Tharin – VERTIC FRANCE, Томислав Пољак – ДЕЛТА ПЛУС, Хрватска, Ненад Антоски и Влатко Кузмановски – АРМОР ПЛУС ДОО, Скопје

09 -12.10.2019 – Претставниции од ЗИЗ Тутела, земаа активно учество на  16-та по ред Меѓународна конференција „Безбедноста на работа – приоритет во работењето“ организирана од страна на Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, и Сојузот за заштита на работа на Република Србија, којa се одржа во хотелот „Bellevue – Metropol Lake Resort“ Охрид.

16-18.10.2019 – Во рамките на отпочнатиот процес на ревидирање и унапредување на законската рамка во областа на безбедност и здравје при работа, т.е. ревидирањето на постоечкиот Закон за БЗР (од 2007 година) во организација на МТСП и ФЕС – Скопје, беше организирана тридневна работилница во хотелот Романтик, Велес (Велешко езеро) , на која претставник на Тутела, Скопје зема активно учество.

24.10.2019  – Во салата на Фонд за иновации и технолошки развој, како дел од активностите по повод Европската недела за БЗР, за првпат во РС Македонија, се промовира збирка на песни и раскази која тематски ја опфати областа безбедност и здравје при работа (БЗР). Збирка на литературни трудови изготвени од дечиња од прво до деветто одделение, ученици во основните училишта во Македонија.

24. 10. 2019 – Клуб на пратеници. Оваа година, за прв пат, заеднички, сите чинители од областа БЗР, под палка на Министерството за труд и социјална политика како фокал поинт на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и во соработка со Националниот совет за БЗР, се организираше настан за одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа, каде претставници на Тутела, Скопје зедоа учество.

25.10.2019 – Промовиран четвртиот број на Првото стручно списание за безбедност и здравје при работа ,,ТУТЕЛА”

19.11.2019 – Како дел од серијалот стручни, наменски обуки ,,РАБОТИ БЕЗБЕДНО” кој е поделен на неколку тематски групи/области, во х.Континентал, во присуство на 40 чинители од областа БЗР, се одржа втората обука на тема РАБОТИ НА СКЕЛЕ – РАБОТИ БЕЗБЕДНО, на која предавач беше инж. Ернест Шталингер, од AUVA, Австрија.

26.11.2019 – Потпишан меморандум за соработка со ДИТ

17.12.2019 – Одржано Второ Редовно Годишно Собрание на ЗИЗ Тутела. Согласно извештајот од верификационата комисија, заклучно со денот на одржување на Собранието, ЗИЗ Тутела брои 116 активни члена, со уредно платена членарина, а согласно член 30, став 1 од Статутот на ЗИЗ Тутела, Скопје, Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.
Во моментот на одржување на Собранието беа присутни 48 членови, со што условот од став 1 од член 30 (присуство на мнозинство, односно 59 членови) не беше исполнет.
Поради тоа Претседателот се повика на член 30, став 5 од Статутот на Здружението ,,Во случај кога не е обезбедено присуство на мнозинството од членовите на Здружението, а сите членови на Собранието се уредно поканети и немаат најавено отсуство од Седницата, Седницата на Собранието се одложува за еден час во текот на истиот ден, по што Собранието работи согласно истиот дневен ред и Одлуките се носат со монозинство гласови од присутните членови”, и ја одложи седницата за еден час.
После истекот на одредениот периот се одржа Второто редовно Годишно Собрание на ЗИЗ Тутела.

17.12.2019 –  х.Континентал, Скопје, се одржа ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА. На настанот, присуствуваа 48 членови на ЗИЗ Тутела. Од поканетите учесници на овогодинешниот повик  за избор на најдобар правен субјект во 2018 година, кој реално и стручно, допринел во сопствениот развој, инвестирајќи / имплементирајќи добри практики за безбедни и здрави работни места и се воедно добитници на една од наградите, поканата за презентација на добрата пракса ја прифатија 7 правни субјекти.

17.12.2019 – Промовиран првиот број на Меѓународното списание ТУТЕЛА / International Journal TUTELA

19.12.2019 – потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и Здружението за социоекономски развој и животна средина ЗОРБЕЕКС,Скопје.

09.01.2020 – Испратен Допис реакција до МТСП во врска со начинот на донесување на новиот Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа.

22.01.2020 – доставен Допис до надлежните во МТСП, од каде е побарано во интерес на сите, да ни достават унифицирано толкување на оредбите од Правилникот, со цел да не ги доведaт во неповолна положба (казнени одредби, правна одговороност), поради непочитување на подзаконските одредби, правните субјекти и лицата кои работат во нив.

28.01.2020 – 12:00 часот, во просториите на х.Панорама, Делчево, се одржа работен состанок/промоција на новото Здружение на граѓани за унапредување на работна и животна средина ПРОТЕК ДЕЛ, Делчево. Претставници на ЗИЗ Тутела (Дејан Ангеловски и Борче Стојчевски) присуствуваа на настанот.

06.02.2020 – Се отвори и првиот Регионален клуб во Скопје, еден од низата клубови кои планираме во иднина да ги отвориме и во други региони од државата, согласно бројот на членовите и регионот од кој доаѓаат. Клубот ќе биде отворен секој четврток од 17:00 до 19:00 часот. Во него ќе се одржуваат средби, работни состаноци, ке работат стручните групи, ќе се држат информативно – стручни обуки согласно интересот и потребите на членовите на ЗИЗ Тутела.

14.02.2020 – На седницата на ИО на ЗИЗ Тутела, Скопје (13.02.2020 г.) , a во врска со Решението на Владата на РСМ за именување на членови на Советот за БЗР (Сл. Весник на РСМ 29/20), одлучено е да се достави Допис, реакција и барање за почитување на Дописот до Владата на РСМ за именување на претставник на Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа ( од 10.07.2018 г.) .

За секоја активност повеќе можете да прочитате на www.tutela.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *