Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Ве известуваме дека согласно предлогот на дел од членовите на ЗИЗ Тутела, а по одржаниот состанок на ИО на ЗИЗ Тутела на ден 17.03.2020 година (on-line комуникација), се одлучи да се достави Допис до Групациите за БЗР и ППЗ при Стопанската комора на Македонија, со цел поддршка на компаниите кои нудат услуги од безбедност при работа и ПП заштита, а кои во овој момент трпат големи последици поради актуелната криза од Коронавирусот.

Содржината на доставениот допис е следна:

Дo
Групација за безбедност и здравје при работа и Групација за заштита од пожари при Стопанска комора на Македонија

Дата: 19.03.2020 година

Предмет: Креирање на економски мерки, согласно последици по правните субјекти во врска со кризата од Коронавирус

Почитувани,
Ве информираме дека во Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, покрај стручни лица кои се вработени и работат на полето безбедност и здравје при работа (БЗР) и противпожарна заштита (ППЗ) во компании на територија на целата држава, членуваат и стручни лица кои работат во или се сопственици на овластени правни субјети кои извршуваат работи за безбедност при работа и овластени правни субјекти кои извршуваат работи за заштита од пожари (одржување на ПП апарати и системи).
На состанокот на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, Скопје, одржан на ден 17.03.2020 година, на поднесено предлог барање на нашите членови, а во врска со актуелната состојба во областите БЗР и ППЗ по појавувањето на Коронавирус-от и последиците кои произлегоа по правните субјекти кои извршуваат работи на полето БЗР и ППЗ, одлучено е да доставиме Допис до Вас, сметајќи дека како членки на Стопанската комора можете да имате влијание во предлагање на економските мерки кои ќе ги превземаат надлежните државни органи во соработка со претставниците на Коморите и Синдикалните организации.
Следејки ги мерките кои ги предлага Владата за микро и мали компании сметаме дека овие овластени правни лица чија главна дејност е нудење услуга согласно законски и подзаконски акти, треба да бидат ставени во групата на најзагрозените компании како последица на вонредната состојба.
Во време кога голем дел од компаниите не работат, работат од дома или работат со намалени капацитети и сите сили се насочени кон спречување на ширењето на Коронавирус, активноста на овие микро и мали овластени компании се сведени  на  минимум  и  се  доведува  во  прашање нивниот  опстанок  доколку кризата трае подолго време. Нивниот број не е поголем од 100, а бројот на вработени кај нив ретко надминува 10 лица.
Апелираме ова наше барање да биде проследено до лицата кои како претставници на Стопанската комора на Македонија ќе учествуваат во креирањето на економските мерки на надлежните државни институции.

Доколку се потребни дополнителни образложенија, можете да не контактирате на дадените контакти од меморандумот.

Благодариме на соработката.

Со почит,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА
ТУТЕЛА, Скопје
П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
М-р Дејан Ангеловски

Оригиналниот Допис, можете да го превземете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *