Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,

Во рамките на своите делувања во поглед на актуелните проблеми со начинот на реализација на одложените превентивни прегледи на вработените, земајќи ги во предвид Дописите до надлежните институции и одговорот од МТСП, ЗИЗ Тутела на 13.08.2020 година со почеток во 09:45 часот организираше тркалезна маса на тема ,,РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА НА КОВИД -19″.

На настанот беа поканети претставници од сите релевантни чинители од областа БЗР и тоа: Влада на РСМ, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Државен инспекторат за труд, Организација на работодавачи, Сојуз на синдикати на Македонија, ЈЗУ Институт за медицина на трудот на РСМ, ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, Македонско здружение за медицина на трудот.

На поканата одговорија и на настанот присуствуваа претставници на Влада на РСМ, Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Државен инспекторат за труд, Организација на работодавачи, , ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ и Македонско здружение за медицина на трудот.

Иако беа уредно поканети на настанот не присуствуваа претставници на ЈЗУ Институт за медицина на трудот и Сојуз наСиндикати на Македонија.

По скоро два часа дискусија, и аргументирано образложување на актуелната ситуација, на крајот се дефинараа предлог заклучоци, кои најдоцна до утрешниот ден треба да се усогласат и истите достават до Владата на РСМ, Министерството за здравство и МТСП, како предлог активности, кои треба да се првземат за да се елиминираат актуелните проблеми со одложените превентивни прегледи на вработените, како и предлог мерки за идни чекори во врска со истите.

По усогласувањето, истите ќе бидат објавени на нашата web страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *