Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари

Во текот на денешниот ден, до надлежните институции беа доставени усогласените заклучоци, кои се донесоа на вчерашната тркалезна маса на тема РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА НА КОВИД -19.

Покрај учесниците на трклезната маса, заклучоците се доставени и до останатите поканети релевантни чинители од областа БЗР (ЈЗУ Институт за медицина на трудот и Сојузот на синдикати на Македонија), кои иако уредно поканети, не знаеме од кои причини, не присуствуваа на настанот.

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРКАЛЕЗНА МАСА
13.08.2020 г., Стопанска комора на Македонија

  1. Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика да донесе правен акт со кој што ќе се овозможи  извештаите од превентивните здравствени прегледи на вработените чиј рок на важност е истечен во периодот 19.03 – 08.07.2020 година да им се продолжи рокот на важност до:
    ·         Периодични здравствени прегледи до 30.09.2020 (датата е провизорна и треба да ја одредат надлежните институции, со тоа што се смета дека овие прегледи треба да имаат пократок период од систематските)
    ·         Систематски здравствени прегледи до 30.10.2020 (датата е провизорна и треба да ја одредат надлежните институции)
    ·         Претходните и насочените здравствени прегледи кои требало да се реализираат во овој период да се реализираат веднаш  (имајќи го во предвид рокот од донесувањето на Решението за отпочнување на превентивните здравствени прегледи, до сега секој работодавач имал обврска да ги заврши)
  2. Да се изготви протокол за спроведување на превентивните здравствени прегледи во услови на пандемија, со тоа што ќе се овозможи на работодавачот и овластената здравствена организација договорно да утврдат место и термини за реализација на прегледите применувајки мерки за заштита од вирусот во зависност од бројот на вработени кои треба да се прегледаат и капацитетите на здравствената организација. Протоколот да го изготват/усогласат овластените државни институции во соработка со / доставено предлог мислење од Македонското здружение за медицина на труд, ОРМ и ССМ.
  3. Во зависност од состојбата со пандемијата, во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, доколку во понатамошниот период има одредени размислувања за промени/ограничувања во начинот на изведување на превентивните здравствени прегледи да се имаат во предвид заклучоците од оваа тркалезна маса и роковите на важност на реализираните превентивни прегледи
  4. За дополнителни мерки и препораки кои не се дел од овие заклучоци, а се во врска со превентивните здравствени прегледи во иднина пожелно е доколку истите ги засегаат сите чинители од областа БЗР да бидат консултирани/да се побара мислење и од останатите засегнати чинители (Македонското здружение за медицина на труд, Здруженијата на стручни лица за БР, ОРМ и ССМ).
  5. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, во соработка со сите останати релевантни учесници во системот за безбедност и здравје на работа, како и со присатните претставници на соодветните институции на тркалезната маса, да спроведе анкетно истражување за идентификација на проблемите поврзани со функционирањето  на овој систем од отпочнувањето на пандемијата со КОВИД-19 до денес. Составен дел на оваа анализа треба да биде и извештајот за видот и обемот на извршената работа на овластените установи по медицина на труд во периодот 01.01.- 30.06.2020 (прикажано во две последователни тромесечија од оваа година). Структурата на прашањата (претходно усогласени од сите чинители во БЗР, споменати во оваа точка) и добиените одговори треба да бидат насочени кон потребата за  идентификација на проблемите и креирање на предлози за подобрување на состојбите во делот на безбедноста и здравјето на работа во услови на пандемија на КОВИД-19. Извештајот треба да биде доставен најдоцна 10 работни денови по завршување на анкетното истражување и прибирањето на податоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *