19.10.2020 г. – СТАРТУВАШЕ ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА ЗА БЗР
Членовите на ЗИЗ Тутела, г-ѓа Надица Фотев и г-дин Борче Стојчевски гостуваа во утринската програма на МРТ1, на тема: ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА БЗР

Во текот на госувањето од страна на г-ѓа Надица Фотев беше образложена темата на Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) која ќе се спроведува во наредните две години (2020-2022).

Г-динот Борче Стојчевски напомена дека ЗИЗ Тутела беше медија партнер на претходната кампања (2018-2020), но оваа година, за оваа кампања продолжуваме како поддржувач на актуелната кампања за што го добивме право да го користиме и логото на кампањата.

Во продолжение на разговорот беа објаснети активностите кои ЗИЗ Туела ќе ги има во текот на деновите додека трае кампањата, меѓу кои е и промоцијата на Збирката песни и раскази БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ.

ВИ ПОСАКУВАМЕ БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА НЕДЕЛА!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *