Во услови на светска пандемија од COVID-19, a Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на on-line Седницата одржана на 28.11.2020 година, за одржување на Трето годишно редовно Собрание и Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 од Одлуката за мерки Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20), во понатамошниот текст Одлуката за мерки, на ден 22.12.2020 година (вторник) се одржа on-line Седницата на третото редовно годишно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Централна организација СЕМОС Едукација, Скопје, прво on-line Собрание на ЗИЗ Тутела, Скопје, во присуство на 104 члена на ЗИЗ Тутела. Собранието се одржа преку Microsoft Teaмs апликацијата.

Собранието започна со обраќање на прeтседателот на Здружението на инженери за заштита г-динот Дејан Ангеловски со предлог Дневен ред на настанот:

1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание
-работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
-изборна / верификациона комисија – составена од три члена
-записничар, и
-двајца заверувачи на Записникот
2. Предлог Деловник за работа на Собрание
3. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2020 година
4. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението за 2020 г
5. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2020 година
6. Предлог Програма за работа на Здружението за  2021 година

Дневниот ред беше едногласно прифатен од страна на присутните членови на Собранието на ЗИЗ Тутела.

По изгласување на Дневниот ред, согласно точка 1 се пристапи кон избор на Претседател на Собранието, по што на даден предлог, едногласно за претседател на Третото редовно годишно Собрание на ЗИЗ Тутела, Скопје беше избран г-динот Борче Стојчевски.

После изборот на претседател на Собранието и превземањето на раководењето со Собранието, се пристапи кон избор на другите членови на работното претседателство.

Согласно извештајот од верификационата комисија, заклучно со денот на одржување на Собранието, ЗИЗ Тутела брои 141 активни членови, со уредно платена членарина, а согласно член 30, став 1 од Статутот на ЗИЗ Тутела, Скопје, Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Во моментот на одржување на Собранието беа присутни 104 членови, со што условот од став 1 од член 30 (присуство на мнозинство, односно71 член) беше исполнет, согласно тоа Собранието може полноправно да одлучува.

Во првиот дел од седницата, од страна на членовите на Извршниот одбор, беа презентирани и образложени: Извештајот за досегашните активности на ЗИЗ Тутела во 2020 година, Финансискиот извештај за 2020 година, како и Извештајот за работата на Надзорниот Одбор.

Во вториот дел од Седницата, беше разгледана и едногласно усвоена Програмата за работа на ЗИЗ Тутела во 2021 година.

По исцрпување на точките од дневниот ред, во 13:15 часот заврши Третото Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

П Р О Д О Л Ж У В А М Е !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *