Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,

На 25.01.2021 година во организација на МТСП, се одржа on-line состанок на кој присуствуваа претставници на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, Здружението за безбедност при работа 29-ми Април, Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Македонското здружение за заштита при работа,Скопје и Македонско здружение за обуки за безбедна работа на височина,Скопје.

На состанокот по искажувањето на сите присутни, преовладеа ставот на трите Здруженија ( Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, Здружението за безбедност при работа 29-ми Април, Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола) кој беше идентичен со Дописот кој претходно два пати беше доставен до Владата на РСМ и МТСП, со барање за смена на актуелниот претставник на стручните Здруженија кои ги обединуваат стручните лица за безбедност при работа, односно негова смена и во наредниот период ротирање на секои две години на нов претставник од секое Здружение редоследно, со конкретен предлог за нов претставник да биде г-дин Борче Стојчевски од ЗИЗ Тутела. Предлогот, односно ставот на трите Здруженија наиде на остра реакција кај претставникот на МЗЗПР, со напомена дека тој е единствен избран претставник во Советот за БЗР од неговото основање и во иднина. Поради тоа што немаше можност да се усогласат ставовите, од претставниците на МТСП, како неформален заклучок беше даден предлог дека ,,доколку до МТСП дојде официјален Допис на кој ќе бидат попишани најзначајните Здруженија кои навистина обединуваат поголем дел од овие осумстотини пет-шеесет лица кои имаат положено стучен испит, како Министерство кое го подготвува Предлогот на Решението со членови до Владата, истото како ќе постапи по предлогот” (за што постои конкретен запис).

По завршувањето на состанокот, а согласно Одлуките на извршните тела на трите Здруженија (Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, Здружението за безбедност при работа 29-ми Април, Скопје и Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола) се одлучи уште еднаш да се достави Допис до Владата на РС Македонија и копија до МТСП, со барање од трите Здруженија за смена на актуелниот ,,претставник” на Стручните лица за безбедност при работа во Советот за БЗР, со нов претставник.

Дописот е доставен до архивaта на Владата на РСМ и МТСП на ден 19.02.2021 година.

Дописот во целост можете да го превземете овде

Искрено се надеваме дека овој Допис ќе биде земен во предвид и истиот ќе биде процесиран во најкус можен рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *