Во услови на светска пандемија од COVID-19, a Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на on-line Седницата одржана на 13.11.2021 година, за одржување на Четврто годишно редовно Собрание и Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 од Одлуката за мерки Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20), во понатамошниот текст Одлуката за мерки, на ден 21.12.2021 година (вторник) се одржа on-line Седницата на Четвртото годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Второто on-line Собрание на ЗИЗ Тутела, Скопје, во присуство на 158 члена на ЗИЗ Тутела и 9 надворешни присутни лица започна во 12:05 минути. Собранието се одржа преку апликацијата Webex.

Собранието го отвори актуелниот прeтседател на Собранието на Здружението на инженери за заштита г-динот Борче Стојчевски со следниот предлог Дневен ред :

1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание
-работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
-изборна / верификациона комисија – составена од три члена
-записничар, и
-двајца заверувачи на Записникот
2. Предлог Деловник за работа на Собрание
3. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2021 година
4. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението за 2021 г
5. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2021 година
6. Предлог Програма за работа на Здружението за  2022 година

Дневниот ред беше едногласно прифатен од страна на присутните членови на Собранието на ЗИЗ Тутела.

По изгласување на Дневниот ред, согласно точка 1 се пристапи кон избор на Претседател на Собранието, по што на даден предлог, едногласно за претседател на Четвртото годишно редовно Собрание на ЗИЗ Тутела, Скопје, беше реизбран г-динот Борче Стојчевски.

После изборот на претседател на Собранието и превземањето на раководењето со Собранието, се пристапи кон избор на другите членови на работното претседателство.

Согласно извештајот од верификационата комисија, заклучно со денот на одржување на Собранието, ЗИЗ Тутела брои 192 активни членови, со уредно платена членарина, а согласно член 30, став 1 од Статутот на ЗИЗ Тутела, Скопје, Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.
Во моментот на одржување на работниот дел на Собранието беа присутни 142 члена, со што условот од став 1 од член 30 (присуство на мнозинство, односно 97 члена) беше исполнет, согласно тоа Собранието може полноправно да одлучува.

По усвојување на Деловникот за работа на Собранието се продолжи по следните точки од Дневниот ред.

Во првиот дел од седницата, од страна на членовите на Извршниот одбор, беа презентирани и образложени: Извештајот за досегашните активности на ЗИЗ Тутела во 2021 година, Финансискиот извештај за 2021 година, како и Извештајот за работата на Надзорниот Одбор.

Во вториот дел од Седницата, беше разгледана и едногласно усвоена Предлог Програмата за работа на ЗИЗ Тутела во 2022 година.

По исцрпување на точките од дневниот ред, во 12:48 часот заврши Четвртото Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *