Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

05.05.2022 г., х.Континентал, Скопје
ТЕМА:  ПРВА ПОМОШ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Стручна наменска обука, прва бесплатна во 2022 г., наменета за членовите на ЗИЗ Тутела , во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

На почетокот на обуката на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела кој им посака на сите присутни успешен работен ден и воедно искажа благодарност до присутниуте претставници на ДИТ и нивната континуирана поддршка и соработка на полето на БЗР со невладиниот сектор.

Како и секогаш до сега, ЗИЗ Тутела понуди атрактивна стручна тема, која за прв пат се обработува на ваков начин, а дека тоа е така потврди големиот интерес на учесниците, нивната активна вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.

Всаквиот интерес и присуство на обуките, во целост потврдува дека ЗИЗ Тутела, во континуитет ги согледува потребите на стручната фела од аспект на отворени прашања на полето на БЗР, и согласно тоа ги планира и темели темите и обуките кои ги организира.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ, А ПРЕД СЕ НА БЗР.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

Фотографии Прва помош на работното место

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *