Почитувани ченови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на втората бесплатна обука во 2022 година, која ја организира Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.

Од самото основање ЗИЗ Тутела, се залага да воведе актуелни новитети и иницира актуелни теми на обука, кои би биле од интерес и би им помогнале во унапредувањето на знаењето на стручните лица за безбедност при работа. За таа цел овој пат ја организираме обуката на тема:

,, МЕТОДОЛОГИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ”

Секој производ или услуга е резултат на процес, па затоа стекнувањето на вештини потребни за подобување на ефикасноста и ефективноста на процесите, како и отстранување на загубите е клучно за растот на една организација. Подобрувањето на процесот бара од вработените подобро да ја разберат моменталната состојба за тоа како функционира процесот со цел да се отстранат бариерите за опслужување на клиентите. Континуираното подобрување се стреми да го подобри секој процес во една организација преку фокусирање на подобрување на активностите кои генерираат најголема вредност за клиентот, додека истовремено отстранувајќи што е можно повеќе активности кои генерираат загуби.
Lean Six Sigma е методологија за подобрување на процесот дизајнирана да ги елиминира проблемите, да ги отстрани загубите и неефикасноста и да ги подобри работните услови за да обезбеди подобар одговор на потребите на клиентите.
Овој тимски ориентиран пристап ги комбинира алатките, методите и принципите на Lean и Six Sigma во една популарна и моќна методологија за подобрување на операциите која ја препознава важноста од собирање и анализа на податоци за да им се помогне на засегнатите страни да ја зголемат ефективноста на својот работен тек. Имплементацијата на LSS покажува резултати во максимизирање на ефикасноста и подобрување на профитабилноста на бизнисите ширум светот.
Повеќето професионалци за БЗР се одговорни и принципиелни во својата дисциплина, но би имале корист од употребата на алатките за LSS кога му се пренесуваат на раководството за организациските подобрувања и деловните придобивки од силната програма за БЗР. Кога намалувањето на ризикот има форма на подобрувања на квалитетот и продуктивноста, пораката за БЗР станува многу посилна. Една одговорност на професионалецот за БЗР е да им помогне на организациите во трансформативните процеси, кои се оддалечуваат од реактивни одговори и кон проактивни оперативни деловни вредности. За да бидат успешни, практичарите мора да бараат можности за интеграција на LSS во системот за управување со безбедноста за да може да се исполнат оперативните деловни цели.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА
Елена Кочовска – Магистер по индустриско инженерство и менаџмент
Горјан Зивчевски – Магистер по безбедност при работа
Надица Фотев – Магистер по безбедност при работа

ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 29.06.2022 година (среда), во Ресторан Градина, Скопје. термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com до 15:00 часот на ден 27.06.2022 година.

Поради обврска за доставувње на точен број на присутни до ресторан  Градина, секоја пријава после наведениот час и дата, нема да биде земена во предвид

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА

ТУТЕЛА, Скопје

АГЕНДА
09:00 – 09:45  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:30  Тема 1
11:30 – 12:00   Кафе пауза
12:00 – 13:30   Тема 2
13:30 – 14:30  Закуска
14:30 – 15:45 Тема 3
15:45 – 16:00  Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *