Согласно Одлуката од 12-та Седницата на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, одржана на ден 05.09.2022 година, за организирање на Петто Годишно редовно Изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, за избор на раководни органи на Здружението, се огласува следната:

О Б Ј А В А бр. 2

за отпочнување на постапка за прибирање на кандидатури за:

  1. Претседател на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, и
  2. Членови на Извршниот Одбор на Зружението на инженери за заштита Тутела, Скопје – на предлог на кандидатот за Претседател на ЗИЗ Тутела

Рокот за доставување на кандидатурите под точка 1 и 2, започнува од 26.09.2022 г, а завршува на 15.11.2022 г.

Кандидатура за позициите под точка 1 и 2, може да поднесе секој член на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, кој своето членство го отпочнал заклучно со денот пред објавувањето на оваа Објава (20.09.2022 г.).

Доставените кандидатури, ќе бидат евидентирани и разгледани од аспект на комплетност, од страна на Генералниот секретар на Здружението, по што Генералниот Секретар на Здружението же изготви Извештај до Собранието на Тутела, Скопје, за број на пристигнати кандидатури, нивна комплетност и веродостојност и ќе бидат доставени и разгледани на Петтото Годишно редовно Изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, кое ќе се одржи на 15.12.2022 година.

Кандидатите своите кандидатури ќе можат да ги образложат пред присутните членови на Петтото Годишно редовно Изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, по што, согласно Статутот и Деловникот за работа на Собранието на ЗИЗ Тутела, од страна на присутните членови ќе се изврши избор на новиот Претседател и новите членови на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела.

Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави пополнето и своерачно потпишано Барање за добивање на обрасци/докумети за поднесување на кандидатура на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk

По доставување на Барањето, во рок од 48 часа на e-mail ќе ги добие потребните обрасци/документи со упатство за нивно пополнување.

Пополнетите обрасци/документи во наведениот рок, не подоцна од 15.11.2022 година, да се достават до ЗИЗ Тутела, на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk.

За сите појаснувања и дополнителни информации обратете се на

E mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk.

БАРАЊЕТО за добивање на обрасци/докумети за поднесување на кандидатура, можете да го подигнете овде:

Со почит,

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *