Европската недела за безбедност и здравје при работа во 2022 година повторно ќе ја подигне свеста за БЗР кај сите чинители од областа, преку Кампањата за здрави работни места 2020-2022 година, која трае од октомври 2020 година.

Овогодинешната недела за безбедност и здравје при работа ќе се одржи во периодот од 24-28.10.2022 година.

Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот (Healthy Workplaces Lighten the Load) на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) во својот фокус ги има превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.

Кампањата го става фокусот на различни „приоритетни области“ во рамките на широката тема за МСН, а до сега неколку пиротетни области собраа различни ресурси, како што се информативни листови, инфографици, презентации, извештаи, статии за OSHwiki и многу повеќе. Се објавуваат и многу написи во вести кои ги истакнуваат различните агли на овие приоритетни области. Психосоцијалните ризици ќе бидат последната приоритетна област што ќе биде лансирана и промовирана од септември до ноември 2022 година.

EU-OSHA соработува со широка мрежа на национални фокусни точки, официјални партнери во кампањата, медиумски партнери и амбасадори за БЗР од Enterprise Europe Network.

Тие работат заедно за да ја подигнат свеста за време на Европската недела, организирајќи многу настани, вклучувајќи конференции, натпревари, сесии за обука, изложби и настани за вмрежување и добри практики, и онлајн и на лице место.

Како и претходните 4 години ЗИЗ Тутела, како официјален поддржувач на кампањата на Европската агенција за безбедност и здравје при работа има планирано низа на активности со кои како и до сега, достојно ќе ја одбележиме Европската недела за безбедност и здравје и на наш препознатлив начин ќе допринесеме во подигањето на свеста кај сите чинители од општеството во поглед на безбедноста и здравјето при работа.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ВО ИНТЕРЕС НА БЗР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *