Четврта година по ред во периодот на одбележувањето на Европската недела за БЗР (24 – 28.10.2022 г), на Европска агенција за безбедност и здравје при работа, како неизоставен дел, традиционално ЗИЗ Тутела го промовира новото издание на Збирката песни и раскази ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”, која е финален производ на активноста на најмладите творци, децата од основните училишта во државава.

Имено, како проект ,, БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-207/2 од 03.02.2022 година), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

И оваа година, четврта по ред, ни претставува посебна чест и задоволство да ја објавиме промоцијата на 4-тата Збирка песни и раскази на тема БЗР ,, БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”.

Промоцијат ќе се одржи на 26.10.2022 година (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА , ул.Димитрие Чуповски бр.13, Скопје, поточно во сала број 4 на 5-тиот кат.

На самиот настан ќе присуствуваат најмладите творци на литертурните творби од збирката, нивните ментори, претставници на Основните училишта во државата, како ипретставници на сите инволвирани чинители кои допринесоа за успешна реализација на овој пред се најблагороден проект.

Напомена: Официјалните покани за присуство ќе бидат доставени во текот на нареднава недела.

Со почит,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *