Почитувани ченови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на третата бесплатна обука во 2022 година, која ја организира Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.

Од самото основање ЗИЗ Тутела, се залага да воведе актуелни новитети и иницира актуелни теми на обука, кои би биле од интерес и би им помогнале во унапредувањето на знаењето на стручните лица за безбедност при работа. За таа цел овој пат ја организираме обуката на тема:

МУСКУЛНО – СКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА,
РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР

Како официјален поддржувач на Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот (Healthy Workplaces Lighten the Load) на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) која во својот фокус ги има превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места, ЗИЗ Тутела, уште самиот старт на кампањата го одбележа со доставување на Предлог нов Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар до надлежните служби при МТСП.

ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 27.10.2022 година (четврток), во СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Ул.Димитрие Чуповски бр.13, Скопје 1000,
Конгресна сала ( сала 4 на 5-ти кат ).
Термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.

Обуката е бесплатна и е наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.
НАПОМЕНА:  Бројот на учесници е ограничен, предност имаат сите членови на ЗИЗ Тутела кои ја имаат регулирано уплатата на годишната членарина заклучно со денот на оваа Објава.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com до 15:00 часот на ден 25.10.2022 година.

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА

ТУТЕЛА, Скопје

АГЕНДА
09:00 – 10:00  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:30  Тема 1
11:30 – 12:00   Кафе пауза
12:00 – 13:30   Тема 2
13:30 – 14:30   Пауза
14:30 – 15:45 Тема 3
15:45 – 16:00  Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *