Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари

27.10.2022 година, Скопје
Стопанска комора на Северна Македонија
Тема: МУСКУЛНО – СКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА,РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР
Трета обука наменета за членовите на ЗИЗ Тутела.

Како официјален поддржувач на актуелната кампања на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA), во склоп на одбележувањето на Европската недела за БЗР, ЗИЗ Тутела организираше стручна обука за своите членови, на која поради ограничемиот капацитет на просторот учество земаа 112 членови на ЗИЗ Тутела.

Модератор на обуката беше г-дин Љупчо Кочовски.

На самиот почеток како вовед во обуката, на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела, г-дин Дејан Ангеловски, кои ги поздрави присутните на настанот.


Потоа следуваше обраќањето на претставникот на Европската агенција за БЗР, г-дин Микеле Динели, кој на присутните им ги бјасни актуелните и следните активности на EU-OSHA во врска со актуелната и следната кампања за Здрави работни места, како и големиот број на активности во поглед на промоција на БЗР во регионот и пошироко.

Следен предавач на обуката беше г-динот Дарко Дочински од МТСП, официјален focal pint на РСМ во EU-OSHA.

После кратката кафе пауза свое излагање од аспект на медицина на трудот имаше д-р Злате Мехмедовиќ.

Во последната сесија свое излагање имаше М-р Борче Стојчевски, стручно лице за БЗР, кој даде осврт на актуелното решение и обврските кои произлегуваат од Правилникот за БЗР при рачно пренесување на товар.

Како и секогаш до сега, ЗИЗ Тутела понуди атрактивна стручна тема, , а дека тоа е така потврди големиот интерес на учесниците, нивната активна вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, што е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!! ВО ИНТЕРЕС НА БЗР!

Сликите од настанот можете да ги превземете на следниот линк

ОБУКА – МСН – Стопанска комора на РСМ

Видеото од настанот можете да го погледнете на следните линкови

ОБУКА – МСН – Стопанска комора на РСМ ДЕЛ 1

ОБУКА – МСН – Стопанска комора на РСМ ДЕЛ 2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *