Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
09.03.2023 година,
Ресторан ГРАДИНА, Скопје
![](https://tutela.org.mk/wp-content/uploads/2020/07/564277601885ca11344f5b4a.jpg)
Прва стручна наменска обука на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, во 2023 година, наменета за членовите на ЗИЗ Тутела, организирана во соработка со Стенсо-Мак ДОО, Скопје.
Тема : РАБОТА НА ВИСИНА опрема, средства, сигурносни точки
Модератор на настанот г-дин Љупчо Кочовски.
На почетокот на обуката на присутните 138 члена на ЗИЗ Тутела и гостите – предавачи од ФЦБЗР, Софија, им се обрати членот на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, м-р Надица Фотев, која ги поздрави присутните им се заблагоади на предавачите од ФЦБЗР, Софија и им посака успешен работен ден.
Прв свое излагање на тема ЕУ директива + меѓународно искуство, имаше М-р Љупчо Кочовски
По излагањето на М-р Љупчо Кочовски, се разви дискусија, која резултираше со заклучок да се формира работна група, која ќе ја разгледа актуелната легислатива која ја покрива оваа област, светските и европските искуства, нормите на ниво на ЕУ и че излезе со став за понатамопни чекори во поглед на областа и носење на одредени правни акти кои ќе ја регулираат оваа проблематика.
Втор презентер на тема Правилна употреба на опрема за работа на висина, беше г-ѓа Татјана Зрмановска.
Трета по ред следеше презентацијата на тема Сигурносни точки (за работа на висина), во реализација на Иван Палијски и Давид Пенков од ФЦБЗР, Софија, Р. Бугарија.
Како и секогаш до сега, ЗИЗ Тутела понуди атрактивна стручна тема, а дека тоа е така потврди големиот интерес на учесниците, нивната активна вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.
ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!
ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ, А ПРЕД СЕ НА БЗР.