Четврток, 26.10.2023 година, Дом на АРМ, Скопје

По петти пат во РС Македонија, како составен дел од активностите за одбележување на Европската недела за БЗР, се промовира петтата збирка на песни и раскази која тематски ја опфаќа областа безбедност и здравје при работа (БЗР), збирка на литературни творби изготвени од дечиња од прво до деветто одделение, ученици во основните училишта во Македонија.

И оваа година традиционално, месец Октомври, поточно одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа, се збогатени со уште едно соѕвездие од 198 ѕвездички, ѕвездички кои даваат дополнителна светлина на патот кон побезбедни работни места, ѕвездички кои будат верба за просперитена иднина на сите активности на полето на заштита на работникот, родителот, човекот.

Настанот се одржа во присуство претставникот на МТСП, Совет за БЗР и focal point во Европската агенција за БЗР г-дин Дарко Дочински , претставник на Бирото за развој на образованието, претставник од Европската агенција за БЗР г-дин Мишеле Динели , авторите-ученици, нивните родители, нивните ментори, членовите на комисијата која ги евалуираше творбите, стручни лица за БР како и претставници на организаторите, трите Здруженија.

Модератор на настанот беше господинот Љупчо Кочовски.

На почетокот на присутните им се обратија претставниците на организаторите на настанот

Во своето обраќање М-р Благоја Богоевски им порача на најмладите да продолжат да творат и учат за БЗР, посакувајќи успешен настан.

М-р Дејан Ангеловски истакна дека самиот проект е еден и единствен најискрен и најреален едукативен проект кој ветува иднина, ветува дека чекор по чекор ја градиме иднината на БЗР, градиме и промовираме култура која овие млади творци, а идни работници кои од мали нозе раснат со БЗР, кога ќе застанат на своите работни места, знаејчи ја вредноста на БЗР, ќе бидат подготврни да ја применат БЗР. Доказ дека се што се прави е најискрено и најреално се петте збирки толни со пораки, препораки и совети.

Потоа следуваше обраќањето на претставникот на МТСП, Советот за БЗР и focal point во Европската агенција за БЗР, г-дин Дарко Дочински кој ги поздрави присутните во име на МТСП, Советот за БЗР и го потенцираше значењето на ваквите настани со кои од мали нозе се градат вредностите на безбедноста и здравјето при работа, а со самото тоа се градат личности кои во иднина кога ќе станат работници веќе ке бидат спремни да ги осознаат вредностите на безбедноста и здравјето при работа.

Следуваше претставникот од Европската агенција за БЗР г-дин Мишеле Динели кој во своето обраќање ја промовираше и објасни целта на актуелната кампања за здрави работни места 2023 – 2025, на Европската агенција за БЗР, Безбедна и здрава работа во дигиталната ера.

По обраќањето на официјалните лица, дел од присутните млади творци, ги прочитаа своите творби, со што целосно го збогатија самиот настан.

И оваа година пораката на авторите на творбите е јасна, и 198 пати погласна или како што напишаа младите автори: ,, Родители наши! Со ова порака јас праќам до вас,На работа сите, чувајте се, ни требате на нас!”

Печатењето на Збирката песни и раскази БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2023 е поддржано од Здружението на инженери ТУТЕЛА, Скопје..

За крајот на самиот настан, како спој на младите и искусните, беше доделена плакетата за животно дело на г-динот Владимир Татарчев.

Фотографиите од настанот можете да ги превземете ГАЛЕРИЈА.

П Р О Д О Л Ж У В А М Е !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *