ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат, како официјален медија партнер на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), за актуелната кампања за здрави работни места – Безбедна и здрава работа во дигиталнта ера, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

,, БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТА – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ ПРОЦЕСИ”

Дигитализацијата забрзано го менува светот на работата и поради тоа се јавува потреба од нови и ажурирани решенија за безбедност и здравје при работа. Целта на обукта е да им обезбеди на стручните лица за безбедност при работа веродостојни информации за можните ефекти од дигитализацијата врз безбедноста и здравјето при работа, за да можат да преземат навремени и ефективни мерки за безбедност и здравје на работниците.

Развојот на нови технологии, како што се вештачката интелигенција, големи количини на податоци, колаборативна роботика, алгоритми, дигитални работни платформи и истовремено зголемување на бројот на работници кои работат од дома, обезбедуваат нови можности за работниците и работодавачите, но исто така претставуваат нови предизвици и ризици кога се работи за безбедност и здравје при работа. Одговорот на предизвиците и ризиците и максималното искористување на можностите зависи од тоа како се применуваат технологиите, како се управуваат и како тие се законски регулирани во контекст на социјалните, политичките и економските трендови.

Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со работата на отворено, се надеваме ќе се стекнете со нови знаења и истовремено ќе се вклучите во значајни дискусии поврзани со темата.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

– Претставник на МТСП (да потврди присуство)
– Доктор по медицина на трудот
– Стручно лице за БР – практичен пример

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 14.12.2023 година, во х. Континентал, Скопје , Булевар Александар Македонски, Скопје 1000, термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 10:00 часот на ден 13.12.2023 година.

Овде можете да ги превземете

АГЕНДА
09:00 – 10:00  Регистрација на учесници
10:00 – 10:15  Вовед во програмата
10:15 – 11:00  Тема 1
11:00 – 11:45  Тема 2
11:45 – 12:45  Шесто редовно Годишно Собрание
12:45 – 13:30  Тема 3
13:30 – 14:30  Пауза
14:30 – 15:30  Дискусија
15:30 – 16:00   Затворање на обуката

Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *