Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, како Здруженија кои го избраа патот, ЗАЕДНО, активно да работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, по 6-ти пат организираа настан за одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа (БЗР), под мотото  ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ЗА ИДНИТЕ ГЕНАРАЦИИ”.

Пред повеќе од 100 присутни, чинители од областа БЗР, потпретседателот на Советот за БЗР г-ѓа Даниела Китанова, претставници на Државниот инспекторат за труд г-дин Тони Војнески и г-дин Горан Попоски, претставник на бирото за развој на образованието д-р Блага Панева, претставникот на МЗМТ , д-р Гоце Младеновски, деца од 1-во до 9-то одделение и нивните наставнички, како и директорите од основните училишта ширум државата, претставници на правните субјекти, членови на трите Здруженија и други присутни, во ресторан Рагуза 360, Скопје, со почеток во 12:00 часот, беше одбележан Светскиот ден за БЗР 2024 година.

Модератор на настанот беше , г-дин Љупчо Кочовски.

На почетокот од страна на присутните, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

По воведниот дел на модераторот на настанот  г-дин Љупчо Кочовски   на присутните им се обрати Претседателот на Здружението за безбедност при работа 28 Април, Скопје, г-дин Благоја Богоевски.

Потоа на присутните им се обрати Претседателот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, м-р Дејан Ангеловски.
По поздраниот дел на присутните претставници од државните чинители од областа и ..ГОЛЕМОТО БЛАГОДАРАМ” за присуството на настанот на учениците и нивните наставнички/ци, тој го образложи поводот за одбележување на 28 април, со посебен осврт на годинешната тема на МОТ.

Меѓу другото тој го потенцираше следното ,, Пред час и половина, бев присутен на настан кој по повод на 28 април го организираа ,,големите”, и искрено се разочарав, 20 години секоја реченица на чинителите на областа на овој ден започнува со ,,ЌЕ” (ќе донесеме, ќе направиме, ќе оствариме…) и така тоа трае со години, извинете, децении, и еве каде сме… Дојдовме до ситуација каде ,,ЌЕ” не доведе да денес, ради негрижа на ,,големите” за животната и работната средина, да заклучиме дека ,,ВРЕМЕТО НИ ИСТЕКУВА, И ДЕКА КЛИМАТА СЕ МЕНУВА”, а сето тоа влијае на БЗР. Драги најмлади, пред се во име на сите ,,големи”, ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ за оваа состојба, но Ве замолувам Вас и Вашите наставнички/ци, посебно наставничките/ците, работете од мали на БЗР, информирајте се, учете, прашувајте, реагирајте…. времето минува, ќе се вработите, е тогаш подготвени ќе можете на работодавачот да му кажете дека треба да го цени вашето здравје и вашиот живот ако сака да работите за него. Во овие изминати 6 години откако трае повикот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, имаме над 1000 творби на тема БЗР, над 100 училишта учесници на повикот…. дел од учениците кои во 2019 беа 9-то одделение и беа дел од БЗР ОД МАЛИ НOЗЕ, сега можеби и се вработени, и знаат што значи БЗР, реагираат за БЗР и се грижат за својата БЗР. Учениците како, се извинувам не ми текнува на името, но ученичката ЗЛАТКОВ, која секоја година од 2019 г., има творба на БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, која заедно со родителите, бабите, дедовците, соученицте. творела на тема БЗР, верувам дека таа, кога ќе се вработи, ќе ги збуни работодавачите, кога на самиот чин на вработување ќе праша ,, што се случува со БЗР во вашата компанија”…  да не должам, коментираат дека една песна/расказ не е БЗР, но јас знам, ТУТЕЛА знае, дека они живеат со тоа ,,ЌЕ”, и подалеку од тоа не знаат, ,,ЌЕ” не е БЗР, ,,ЌЕ” за нив е ,,сламка за спас”, дека нешто се прави…., но не и разбирање на БЗР .
За крај на ова обраќање, голема благодарност до Рудници САСА и Алкалоид АД, Скопје, кои го поддржаа проектот БЗР од МАЛИ нозе, обезбедувајќи пригодни награди за младите творци и нивните ментори.  

Ви посакувам убави моменти, во тоа што следи, посебно во делот на најмладите, делот кој се надевм, за 10-тина години, ќе биде најзначајниот чинител кој ќе влијае на развојот на областа БЗР. Ученици, ИДНИНАТА Е ВО ВАС, ТУТЕЛА Е СО ВАС, РАБОТИМЕ НА БЗР, ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!

После обраќањето на претставниците на Здруженијата организатори на настанот, на присутните им се обратија претставниците на Советот за БЗР, Државниот инспекторат за труд, Бирото за развој на образованието и Македонското здружение за медицина на трудот.

После официјалното обраќање, се пристапи кон доделувањето на наградите за најдобрите правни субјекти во 2023 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места во РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД) – КОМПАНИЈА – ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА АД

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД) – Средни претпријатија – до 250 вработени – КОМПАНИЈА – ПУРПЛАСТ МК ДОО ИЛИНДЕН

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД) – Големи претпријатија – над 250 вработени – КОМПАНИЈА – АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. – КОМПАНИЈА – АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

По повод Светскиот ден за БЗР 2024 г., Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и Мaкедонската квиз асоцијација го организираа првиот Квиз на тема „БЗР за ГОЛЕМИ“. На квизот се пријавија и зедоа учество 9 учесници, стручни лица за БР. Согласно резултатите од квизот на учесниците кои ги освоија првите три места им беа доделени пригодни награди.

ПОВИК БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2024 – литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР)

На повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2024 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по шестти пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:

– ООУ “Партенија Зографски”, Кисела Вода, Скопје
– ООУ ,,Невена Георгиева Дуња” – Кисела Вода, Скопје
– ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стојаково, Богданци
– ПУ при ОУ „Св.Кирил и Методиј“, с.Логоварди, Битола,
– ООУ „11 Октомври“ Куманово
– ООУ„Браќа Миладиновци“- Аеродром, Скопје,
– ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, Свети Николе
– ООУ ,,Дане Крапчев” – Гази Баба, Скопје
– ООУ,,Кирил Пејчиновик‘‘ – Кисела Вода, Скопје,
– ООУ„Гоце Делчев“ – Штип,
– ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Кисела Вода, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ Штип,
– ООУ ,,Ристо Крле – Мралино, О. Илинден
– ООУ ,,Ристо Крле – Кадино, О. Илинден
– ООУ ,,Тошо Велков Пепето”, Кавадарци
– ОУ„Св.Кирил и Методиј” – Битола,
– ООУ„Никола Карев“ – Радовиш,
– ООУ ,,Гоце Делчев“ , н. Илинден, Скопје,
– ООУ ,,Гоце Делчев“, Тетово
– ООУ „Рајко Жинзифов“, н. Драчево, Скопје

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.
Заклучно со крајниот рок за поднесување (01.04.2023 година) поднесени се вкупно 135 творби (песни и раскази) во четирите категории.

Комисијата која ги евалуираше творбите ја сочинуваа:
Катерина Алексова Наумова, ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, Свети Николе
Жаклина Веловска,  ООУ,,Св. Кирил и Методиј”-Битола
Даниела Јаневска, ООУ,, Браќа Миладиновски ” – Аеродорм, Скопје
м-р Марија Ристова, ООУ,,ООУ Гоце Делчев – Штип
Марија С. Стојчевска, ООУ “Гоце Делчев“ – н.Илинден, Илинден
Марија Шереметкоска, ООУ Дане Крапчев – Гази Баба, Скопје
Билјана Велковска-Зиковска, ООУ ,,Невена Георгиева ДУЊА”- Кисела Вода, Скопје
Лидија Дузлевска, ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Кисела Вода, Скопје
д-р Блага Панева, Биро за развој на образованието

Согласно пристигнатите евалуациите од членовите на комисијата, се добиени следните резултати:

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Потоа следуваа претставниците од Училиштата чии ученици освоија прво место во секоја од четирите категории, и тоа:

На крајот на настанот г-дин Љупчо Кочовски најави дека збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2024″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР , а за догодина во истиот период ги најави :

28 АПРИЛ – Денот низ фотографии ЛИНК

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗАЕДНО, СИЛНИ И СЛОЖНИ И ВО 2024 ГОДИНА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *