Четврток, 12.12.2024 година, во Дом на култура ,,Билјана Беличанец”, Скопје, во присуство на 157 членови на ЗИЗ Тутела, се одржа Седмото Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Седицата на Собранието ја отвори Претседателот на Собранието на ЗИЗ Тутела, г.Владо Кочоски.

по што беше усвоен Дневниот ред на Шестото годишно Редовно Собраните на ЗИЗ Тутела, Скопје и извршен избор на:

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот

По усвојување на Деловникот за работа на Собранитето на присутните согласно точките на дневниот ред им се обратија , Генералниот секретар на Здружението г-ца Јасминка Петрушевска која го презентираше финансискиот извештај за 2024 година,

г- дин Сашо Никловски кој во име на Надзорниот Одбор го прочита Извештајот на Надзорниот Одбор за работа на Здружениоето во 2024 година.

Потоа следеше обраќањето на претседателот на ЗИЗ Тутела, М-р Дејан Ангеловски кој го презентираше Извештајот за реализираноте работни активности на Здружението за 2024 година.

Потоа следеше усвојувањето на Програмата за работа на Здружението во 2025 година.

Со тоа беше исцрпен дневниот ред на Седмото годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

ПРОДОЛЖУВАМЕ , СИТЕ ЗАЕДНО И ВО 2025,
ВО ИНТЕРЕС НА СТРУКАТА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *