Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2025 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по седми пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:

ООУ „Атанас Нивичански“ – Нова Маала, Василево,
– ООУ„ Славејко Арсов“, Штип,
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Битола,
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Љубанци,
– ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ПУ с.Цапари,
– ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод,
– ООУ.″ Кочо Рацин”- Куманово,
– ООУ„Никола Карев“ – Радовиш,
– ООУ ,,Невена Георгиева ДУЊА”, Кисела Вода, Скопје
– ООУ,,Кирил и Методиј“ Стојаково,
– ООУ ,,Гоце Делчев‘‘ – Штип,
– ООУ „ Никола Вапцаров“ , Струмица,
– ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево,
– ООУ Кузман Шапкарев, Кисела Вода, Скопје
– ОУ„Св.Кирил и Методиј“, Битола,
 – ОУ ,,Св.Кирил и Методиј’’ПОУ с.Логоварди
–  ПООУ,,Ристо Крле“, Мралино, Илинден
–  ООУ „Ристо Крле“ н.м Кадино, ПУ Бунарџик, Илинден
– ООУ „Ристо Крле“ Кадино, Илинден
– ООУ ,,Гоце Делчев”-Илинден

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

Заклучно со крајниот рок за поднесување (04.04.2025 година) поднесени се вкупно 167 творби (песни и раскази) во четирите категории.

Во втората фаза, следи комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите, кои ќе бидат објавени на настан кој ќе се организира на ден 28.04.2025 година, по повод одбележувањето на 28 aприл, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2025″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!! ГРАДИМЕ ИДНИНА!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *