ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!

Почитувани,

Ни претставува посебна чест, ДА ВЕ ПОКАНИМЕ, да земете активно учество со аплицирање, квалификување и во изборот, на најдобрите правни субјекти во 2018 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места.

Цeлокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции.

Рокот за апликација започнува на 11.03.2019 г. и ќе трае до 05.04.2019 г.

Објавувањето и доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која ќе се одржи на ден 24. 04. 2019 г. (среда), на која ќе бидат поканети претставници од сите чинители во областа БЗР и учесниците во Повикот.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА

Право на учество има секој правен субјект кој е регистриран во Централниот регистар на РС Македонија.

Формуларот за пријавување на Повикот можете да го превземете овде:

Во самиот формулар за пријавување, детално Ви е опишана целата постапка.

Во зависност од дејноста и бројот на вработени, секој правен субјект ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени

В) Големи претпријатија – над 250 вработени

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 4, можете да го превземете овде,

Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2018 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com и тел. 070 / 54 79 41 (Лидија).

НАПОМЕНА: Секој правен субјект (апликант), со самиот формулар (апликација), да достави контакт податоци, на личност од правниот субјект (апликантот), која ќе биде вклучена и контактирана во текот на целиот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *