Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Имајќи го во предвид се поголемиот број на нови членови во ЗИЗ Тутела, кои не се информирани за одредени настани во периодот од формирањето до денес, должни сме да Ве информираме за начините на кои ЗИЗ Тутела се справуваше со декларативните заложби за соработка со останатите чинители кои имаат свои активности на полето на БЗР.
Имено, со самото основање и регистрација на ЗИЗ Тутела првично на 16.03.2018 г. испративме ДОПИС ЗА СОРАБОТКА
https://tutela.org.mk/2018/03/18/18-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82-2018/
до сите чинители кои имаат свои активности на полето на БЗР.
Исто така имавме информација дека на 20 и 21 Март во просториите на МЗЗПР ќе биде одржан работен состанок со двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во областа на безбедноста и здравјето при работа, во рамките на техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство, како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа.
Имено ,,Претставникот” на Здруженијата кои работат на полето БЗР пратил e mail на 15.03.2018 г., до две, од во тој момент регистрирани четири Здруженија кои работат на полето БЗР. (Не му земаме за криво што не пратил и до ЗИЗ Тутела, поради тоа што можеби уште не бил информиран за регистарцијата на ЗИЗ Тутела, Дописот за соработка беше пратен на 16.03.2018 година). Но e mailot што тој го пратил до двете Здруженија (Здружение за заштита при работа на општина Битола, Битола и Здружение за безбедност при работа 28 Април) не е покана за присуство, туку информација и напомена ,, Доколку имате одредени теми кои би сакале да бидат отворени, истите можете да ги испратите на оваа е-маил адреса”.
Содржината на тој е маил е следната :
From: Милан Петковски <milan.p@mzzpr.org.mk>
To: 28april zdruzenie <zbr28april@yahoo.com>; ZPR Bitolsko <zzprbt@gmail.com>
Sent: Thursday, March 15, 2018 09:48:24 AM
Subject: МОТ средба
Почитувани,
На 20 и 21 Март во посета на Македонија се двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во областа на безбедноста и здравјето при работа, во рамките на техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство, како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа.
Со истите закажавме средба на 20 март и на истата би ги дискутирале релевантните активностите на професионалните граѓански организации во полето на БЗР. Доколку имате одредени теми кои би сакале да бидат отворени, истите можете да ги испратите на оваа е-маил адреса.
Со почит,
Milan PETKOVSKI, MSc, grad OSH eng
President
Macedonian Occupational Safety and Health Association
Македонско Здружение за Заштита При Работа
Како новоформирано Здружение, ЗИЗ Тутела се обрати до канцеларијата на МОТ во Скопје со барање за присуство на наш претставник на состанокот.
ZIZ TUTELA <ziztutela@gmail.com> 16 Mar 2018, 09:28
to krstanovski, MAleksevska,
Почитувани,
Ве информираме дека Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, формирано на 28.02.2018 година, претставува Здружение чие членство e составено исклучиво од членови експерти со долгогодишно работно искуство во областите безбедност при работа и противпожарна заштита.
Целта на Здружението е преку своите активности да придонесе кон унапредување на состојбите во областите безбедност при работа и противпожарна заштита.
Врз основа на претходно изнесеното, имајќи ги во предвид нашите организациски и експертски капацитети и искуства, бараме да бидеме вклучени, како во тековните така и во идните проекти, процеси и активности поврзани со областите безбедност при работа и противпожарна заштита.
Согласно добиените информации на 20 и 21.03.2018 г. ќе се одржи работен состанок со претставници од МОТ, на кој, една од темите ќе биде и областа безбедност при работа.
Ве молиме да ни доставите официјална покана и во работната група да биде вклучен и претставник од нашето Здружение .
Со искрени желби за успешна соработка,
М-р Дејан Ангеловски
Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
Експресно од страна на канцеларијата на МОТ во Скопје, добивме покана за присуство на состанокот, за што ИСКРЕНО СМЕ ИМ БЛАГОДАРНИ
Почитуван г-ин Ангеловски,
На 20 и 21 Март во посета на Македонија се двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во областа на безбедноста и здравјето при работа, во рамките на техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство, како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа.
Би сакала љубезно да ви предложам средба помеѓу претставник на вашата институција и експертите на МОТ на 20ти март 2018 во 11.30 часот, во просториите на МЗЗПР на која би се дискутирале релевантните поединости од вашето поле на работа, а кои се однесуваат на темата.
Ве молам за потврда на датумот и времето како и името на вашиот претставник кој би бил дел од состанокот.
Срдечен поздрав,
По добиениот e mail се заблагодаривме и го потврдивме присуството, со наш претставник
ZIZ TUTELA <ziztutela@gmail.com> 16 Mar 2018, 13:11
to Marija, Emil, Borce
Почитувана,
Пред се искрено ви благодариме на поканата, со надеж за успешна и долгорочна соработка.
Го потврдаме присуството на средбата со претставниците на МОТ што ќе се одржи на ден 20.03.2018 година, во 11:30 часот во просториите на МЗЗПР.
Како претставник на ЗИЗ Тутела на состанокот ќе присуствува г-дин Борче Стојчевски, дипл.инж за ЗПР, стручно лице за безбедност при работа.(контакт тел. 075 432 041; mail stojcevski@prorisk.mk )
Срдечен поздрав,
М-р Дејан Ангеловски
Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
По одржаниот состанок, како што беше договорено со претставниците на МОТ, беа доставени до канцеларијата на МОТ во Скопје материјали со наши конкретни стручни согледувања на темите од состанокот.
За вториот состанок со претставниците на МОТ, дознавме случајно и со цел за потврда на информацијата се обративме преку e mail до ,,Претставникот” на Здруженијата во Советот за БЗР, за жал НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР на овој e mail
Барање_информација
ТУТЕЛА Здружение на инженери за заштита <ziztutela@gmail.com> Sun, 21 Oct 2018, 21:20
to Milan, MAleksevska, zbr28april, Здружение, kontakt, contact
Почитуван колега, претставник на стручните лица за БР во Националниот совет за БЗР
Имаме информација дека во текот на следната недела е закажан состанок поддржан од МТСП, а во организација на МОТ-канцеларија во Скопје и Националниот совет за БЗР, на тема разгледување и дискусија на веќе изготвена нацрт споредбена анлиза на Конвенцијата бр.187, за промотивната и законодавната рамка за БЗР во Република Македонија.Бидејќи сме стручно Здружение од областа БЗР за чиј претставник се декларирате во Националниот совет за БЗР, а и учествувавме во воведниот состанок со претставниците на МОТ и после состанокот согласно договореното со нив, доставивме материјали со наши забелешки, би Ве прашале, дали информацијата е точна.Ако информацијата не е точна се извинуваме, но доколку информацијата е точна, би прашале за следното:1.Зошто не сме информирани за состанокот 2.Кој ја изготвил споредбената анализа и на кои стручни анализи се темели3.Зошто како ,,наш” претставник во Националниот совет за БЗР не сте ни ја доставиле изготвената анализа на разгледување и наше мислење по истата,
Се извинуваме за директното прашање, но поради неможност да дојдеме до информација се обраќаме директно до Вас како ,,наш” претставник во Националниот совет за БЗР.
НАПОМЕНА:Врз основа на Меморандумот за соработка, а бидејки темата ги тангира сите Здруженија од областа, по меѓусебна координација, истите ја добиваат оваа e-mail порака.
Однапред Ви благодариме за одговорот.
Со искрени желби, за искрена соработка,
Извршен одбор на ЗИЗ Тутела
Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
Истовремено се обративме и до канцеларијата на МОТ во Скопје
ТУТЕЛА Здружение на инженери за заштита <ziztutela@gmail.com> Sun, 21 Oct 2018, 20:39
to MAleksevska, MCarovska, Emil,
Почитуван,
Имаме информација дека во текот на наредната недела е закажан состанок, поддржан од МТСП, а во организација на МОТ-канцеларија во Скопје и Националниот совет за БЗР, на тема разгледување и дискусија на веќе изготвена нацрт споредбена анлиза на Конвенцијата бр.187 за промотивната и законодавната рамка за БЗР во Република Македонија.Бидејќи како стручно Здружение од областа БЗР, учествуваме во воведниот состанок со претставниците на МОТ и после состанокот согласно договореното со нив, Ви доставивме материјали со наши забелешки, би Ве прашале и замолиле, дали може да ни доставите информација, кои од нашите забелешки се внесени во анализата и кои учествувал во нејзиното изготвување.Се извинуваме за директното прашање, но првата покана за учество на состанокот ја добивме од Вас, а поради неможност да дојдеме до информација од нашиoт претставник во Националниот совет за БЗР, се обраќаме директно до Вас.
Однапред Ви благодариме за одговорот.
Со искрени желби за соработка,
М-р Дејан Ангеловски
Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
По нашата реакција следеше одговор од МТСП и после тоа покана од МТСП
Mirjana Aleksevska Mon, 22 Oct 2018, 07:39
to Milan, zbr28april, Здружение, kontakt@mzzpr.org.mk, contact@tutela.org.mk, me
Почитувани овој настан го организира Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот. Ќе ги информирам за вашето барање, за што ќе ве информираме .
Со почит
Mirjana Aleksevska Mon, 22 Oct 2018, 08:46
to Shkrijelj, me, Milan, zbr28april, Здружение, kontakt@mzzpr.org.mk, contact@tutela.org.mk
Ve izvestuvam deka moze da dojdete no po eden prestavnik od zdruzenijata.
Генерално тоа се комуникациите во врска со Поканите за состаноците со странските претставници.
Оставаме вие да ги истолкувате релациите. Искрени или декларативни!?!