Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, го одбележа Светскиот ден за БЗР, 28 април, во согласност со препораките на Владата за социјално дистанцирање. Со почеток во 11:00 часот, преку апликацијата ZOOM, организираше on-line конференција со своите членови и останати чинители од областа Безбедност и здравје при работа во РС Македонија.

Под мотото

ОСТАНИ ПОЗИТИВЕН, БИДИ НЕГАТИВЕН!!!

На присутните им се обрати членот на ИО на ЗИЗ Тутела, г-динот Борче Стојчевски, кој го потенцираше значењето на денешниот ден, како и начинот на организација, кој е условен со актуелната ситуцаија со COVID-19, и неможноста да се реализира се што беше планирано за овој ден. Тој напомена дека сепак како и да е, тоа што е планирано ќе се реализира и дека полека но сигурно се придвижуваат работите во областа БЗР, иако некои сеуште не сакаат да го признаат тоа.

Од самите учесници на настанот беше поздравен начинот на организација на настанот.

Воедно, на настанот беше промовиран и петтиот број на Првото стручно списание за безбедност и здравје при работа ТУТЕЛА, кој во овој број, речиси целото тематски е посветено на актуелната ситуација со COVID-19. Беше спомнато дека во него се претставени и новата кампањата на EU OSHA со специјален допис за Списанието, како и кампањата на Меѓународната организација на трудот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *