Стартуваше Европската недела за безбедност и здрвје при работа ( 19 – 23.10.2020 г.).
Со самиот старт на Европската недела, стартуваше и Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот (EU-OSHA).
Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) која ќе се спроведува во наредните две години (2020-2022).
Кампањата официјално беше промовирана на прес конференцијата во Брисел, на 12.10.2020 год., од страна на Европскиот комесар за работа и социјални права, г-дин Николас Шмит, Германскиот федерален министер за труд и социјални прашања, г-дин Хубертус Хеил и Директорката на EU-OSHA, г-ѓа Криста Седлачек.
Фокусот и темата на оваа двегодишна Кампања во областа на БЗР која ќе се реализира во сите земји-членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, ќе бидат превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.
Повеќе за Кампањата можете да прочитате на официјалната web-страната на Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот: https://healthy-workplaces.eu/en
ЗИЗ Тутела продолжува преку своите активности и социјални мрежи, да дава поддршка на целиот процес.