ВНИМАНИЕ !!!
Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!
По извршените консултации со претставници на надлежните институции, а во врска со валидноста на одржување на on-line обуки и признавање на добиените потврди/бодови за учество на истите, утврдено е дека правен основ за одржување на истите е член 3 став 1 точка 13 од Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20). Првниот основ за одржување на ваков вид на обуки согласно член 16 од истоимената Одлука трае се до завршување на Пандемијата со COVID-19 проглесена од СЗО, со исклучок доколку во меѓувреме не бидат донесени дополнителни мерки и измени на истата.
Врз основа на погоре наведеното, согласно програмските определби за континуирана стручна надградба и рзмена на позитивни искуства и пракси, како и претходните години продолжуваме со уште една бесплатна, трета по ред во 2020 година, обукака за членовите на ЗИЗ Тутела од серијалот на стручни наменски обуки ,,POST CORONA – STARTS NOW”.
Овој пат во соработка со Државниот инспекторат за труд и поддршка од Здружението за безбедност при работа ,,28 Април”, Скопје и техничка поддршка од СЕМОС Едукација, Скопје, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на првата on-line обука на тема:
БЗР – ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ наспроти ПРЕПОРАКИ И МЕРКИ
Целта на обуката е преку стручни излагања, практични примери и информативни излагања да се усогласиме и взаемно поддржиме во реализацијата на стручните чекори (предлагање и избор на мерки, средства, опрема) во периодот што следи, во кој КОРОНАВИРУСОТ останува наше секодневие на самите работни места и во нашиот живот.
ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА
- Претставници на ДИТ
- Стручни лица за БР
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 22.12.2020 година, со почеток од 09:30 часот, on-line преку платформата Ms Teams, со поддршка од СЕМОС Едукација.
Обуката е бесплатна и наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015, а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани членови за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 10:00 часот на ден 21.12.2020 година (Понеделник).
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, кои до денот на пријавување ја имаат подмирено својата членарина.
НАПОМЕНА: Сите ПРИЈАВИ кои ќе пристигнат после наведениот термин нема да бидат земени во предвид.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ДЕЛ
Поради техничката поддршка која треба да се организира од страна на СЕМОС Едукација, податоците кои треба да им се достаат до договорен термин, сите пријави кои ќе пристигнат после наведениот термин (10 часот на 21.12.2020 година), нема да бидат земени во предвид, односно нема да бидеме во можност да им го доставиме линкот за логирање на платформата на e mail адресите кои ќе ги достават и од кои ќе се логираат.
ОБВРСКИ НА СЕКОЈ ПРИЈАВЕН УЧЕСНИК на денот на обуката се:
- Да си обезбеди стабилна интернет конекција и техника која ќе ја поддржува платформата Ms Teams
- Да се логира на линкот кој ќе го добиe на нeговата e mail адреса, најмалку 15 минути пред почетокот на обуката. (Напомена: Поради евиденција на присуство кое треба да се достави до надлежните институции за да се признае обуката и потврда дека учесникот присуствувал на обуката, секој обид за логирање од друга е маил адреса нема да биде успешен/дозволен.)
- Секој учесник да го прочита упатството за логирање и користење на платформа Ms Teams, кое ќе му биде доставено на неговата e mail адреса.
- По завршување на обуката, секој присутен учесник (согласно листата за присуство) на неговата e mail адреса ќе ја добие Потврдата со 10 бода за пасивно учество на Обуката.
Поканата за обуката можете да ја симнете овде:
Пријавата за обуката можете да ја симнете овде: