Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, како Здруженија кои го избраа патот, ЗАЕДНО, активно да работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, по 5-ти пат организираа настан за одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа (БЗР), под мотото  ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ЧЕКОР ПО ЧЕКОР, 5 ГОДИНИ ЗЕДНО РАБОТИМЕ ЗА БЗР”.

Пред повеќе од 100 присутни, чинители од областа БЗР, министерката за труд и социјална политика м-р Јованка Тренчевска, потпретседателот на Советот за БЗР г-ѓа Даниела Китанова, претставници на Државниот инспекторат за труд г-дин Тони Војнески и г-дин Горан Попоски, претставникот на МОТ – канцеларија во Скопје г-дин Емил Крстановски, претставник на бирото за развој на образованието д-р Блага Панева, претседателот на МЗМТ , д-р Драган Мијакоски, деца од 1-во до 9-то одделение и нивните наставнички, како и директорите од основните училишта ширум државата, претставници на правните субјекти, членови на трите Здруженија и други присутни, во ресторан Рагуза 360, Скопје, со почеток во 10:30 часот, беше одбележан Светскиот ден за БЗР 2023 година.

Модератор на настанот беше , г-дин Љупчо Кочовски.

На почетокот од страна на присутните, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

Во воведниот дел од настанот г-динот Кочовски ги поздрави најмладите и останатите присутни во салата, по што свое обраќање кон присутните, имаа претставникот на ЗЗПР на општина Битола, Битола Александра Марковска, и претседателите на ЗБР 28-ми Април, Скопје – м-р Благоја Богоевски и ЗИЗ Тутела, Скопје – м-р Дејан Ангеловски.

Во своето обраќање сите ја посочија важноста на одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, како ден, на кој се сеќаваме на сите настрадани работници на своите работни места.

Претседателот на ЗИЗ Тутела, м-р Дејан Ангеловски, на почетокот напомена дека продолжуваме заедно да ја промовираме областа БЗР. Посебно го потенцираше проектот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, со кој, преку трудовите (песни, раскази) на најмладите, по петти пат се допринесе да се подигне свеста и осознае за областа БЗР, со вклученост пред се на наставниците и родителите во самото изготвување на трудовите на најмладите, а самите пристигнати трудови, нивниот број, го покажаа и докажаа тоа. Исто така напомена дека на овој ист ден пред точно 5 години, во просториите на Даре Џамбаз, Скопје, пред околу 50-тина присутни чинители од областа од разни институции и стручни лица од областа БЗР, се промовираше тогаш најмладото Здружение на стручни лица по БЗР Тутела, Скопје. Еве не денес повторно на истиот датум, пред повеќе од 100 присутни и со бројка од 257 члена продолжуваме да работиме на патот на струката, на патот на БЗР.

Потоа следуваше обраќањето на министерката за труд и социјална политика м-р Јованка Тренчевска, која во своето обраќање меѓу другото истакна дека е многу е важно децата од мали нозе да ги учиме за безбедност и здравје при работа затоа што е тоа иднината на државата, од ученици еден ден ќе станат работници и ќе бидат на пазарот на труд, за да можат да бараат безбедни услови при работа.
На настанот „БЗР од мали нозе – чекор по чекор, 5 години заедно работиме за БЗР“ организиран од страна на здружението за заштита при работа на општина Битола, здружението за безбедност при работа „28ми април”, Скопје и здружението на инженери за заштита „Тутела’’, Скопје, што се одржа во рамките на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, министерката посочи дека со обезбедувањето на добри услови за работа има двојни придобивки,
од една страна, компаниите што обезбедуваат здрави и безбедни услови за работа имаат многу попродуктивни работници, а од друга, работникот е среќен и задоволен затоа што работи во безбедни услови за работа и се чувствува сигурен во делот на безбедноста и здравјето во своето работно место.

По обраќањето на министерката за труд и социјална политика, на присутните им се обратија претставникот на МОТ канцеларијата во Скопје – г-дин Емил Крстановски, потпретседателката на Советот за БЗР, г-ѓа Даниела Китанова и претседателот на Македонското здружение за медицина на труд д-р Драган Мијакоски.

После официјалното обраќање, се пристапи кон доделувањето на наградите за најдобрите правни субјекти во 2022 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места во РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД, СКОПЈЕ

Категорија 2 – Административни дејности (адвокатски, нотарски, сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, СКОПЈЕ

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл. (дејност со броевите 01-43 од НКД)

МАКСТИЛ АД, СКОПЈЕ

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

ДГТУ ЛИМАК ДОО, СКОПЈЕ

Следуваше делот наменет за поддржувачите и долгогодишните соработници на најмасовниот и единствен повик кој ја обработува темата БЗР кај најмладите ,,БЗР од МАЛИ нозе”.

БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ за 2023 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по петти пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:
– ООУ ,,Св. Климент Охридски” – Битола,
– ОУ ,,Наум Наумовски Борче” – Гази Баба, Скопје,
– ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” – Карпош, Скопје,
– ООУ “Гоце Делчев” – Центар, Скопје
– ООУ ,,Невена Георгиева Дуња” – Кисела Вода, Скопје
– ООУ ,,Гоце Делчев” – Љубанци, Скопје,
– ООУ,,Св.Кирил и Методиј“” – Иловица, Босилово
– ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стојаково, Богданци
– ПУ при ОУ „Св.Кирил и Методиј“, с.Логоварди, Битола,
– ООУ„Св.Климент Охридски“, Македонски Брод,
– ООУ„Браќа Миладиновци“- Аеродром, Скопје,
– ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, ПУ с.Пеширово, Свети Николе
– ООУ ,,Љубен Лапе” – Скопје,
– ООУ ,,Дане Крапчев” – Гази Баба, Скопје
– ООУ,,Кирил Пејчиновик‘‘ – Кисела Вода, Скопје,
– ООУ„Гоце Делчев“ – Штип,
– ООУ „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, Аеродром, Скопје
– ООУ„Кочо Рацин″-Куманово,
–ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Кисела Вода, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ Штип,
– ОУ Манчу Матак, Кривогаштани
– ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” – Скопје,
– OУ,,Xpисто Узунов”, Другово, Кичево,
– ОУ„Св.Кирил и Методиј” – Битола,
– ООУ„Никола Карев“ – Радовиш,
– ООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, Скопје,

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.
Заклучно со крајниот рок за поднесување (01.04.2023 година) поднесени се вкупно 202 творби (песни и раскази) во четирите категории.
Во втората фаза, следеше комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите творби.

За учество во комисијата се пријавија вкупно, 17 наставнички, од кои евалуација испратија 12 наставнички.

ИМЕ И ПРЕЗИМЕУчилиштеОпштинаМесто
Наташа СтоилковаООУ,,Св.Кирил и Методиј“- ИловицаБосиловоСтрумица
Мартина ФилипоскаООУ „Св.Климент Охридски“ Македонски БродМ. БродМ. Брод
Анета ВелкоскаООУ„Браќа Миладиновци“-СкопјеАеродромСкопје
Катерина Алексова НаумоваООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, ПУ с.Пеширово Свети Николес.Пеширово
Катица СтојчевскаООУ Дане Крапчев, Гази БабаГази БабаСкопје
Емилија СтефановскаООУ,,Кирил Пејчиновик‘‘ К.Вода СкопјеК.ВодаСкопје
Лидија ДузлевскаООУ„Св. Климент Охридски“ с. ДрачевоКисела ВодаСкопје
Драгица ПетроваООУ„Славејко Арсов“ Штип Штип Штип 
Трајанка Стојкоска ОУ Манчу Матак КривогаштаниКривогаштаниКривогаштани
Жаклина СтојановскаOУ,,Xpисто Узунов”, Другово, КичевоДруговоКичево
Ленче НакеваООУ„Никола Карев“ – РадовишРадовишРадовиш
Марија Сотировски – СтојчевскаООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, СкопјеИлинденИлинден

Согласно пристигнатите евалуациите од членовите на комисијата, се добиени следните резултати:

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

ПеснаУчилиштеУченикОдд.Наслов на творбаМентор
1ООУ Невена Георгиева Дуња – Кисела ВодаВедран Веселиновски2 бМојот таткоВера Крстевска,Зорица М. Атанасовски
2ООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, СкопјеКаја СтоилевскиIIБЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТАМарија Сотировски – Стојчевска
3ОУ Манчу Матак КривогаштаниМеланија УлимановаIIБезбедност при секоја работаАлександра Цуцулеска

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

РасказУчилиштеУченикОдд.Наслов на творбаМентор
1ООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, СкопјеВасилиј Ивановски4 бБезбедност и здравје во училиштатаАндријана Јовановска
2ООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, СкопјеМила ЗлатковV-аСолзите на баба КатеАна Јордановска
3ООУ“ Гоце Делчев“ , н. Илинден, СкопјеАнтониа Панковски III г  Контролорката БубеМаја Блажевска

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

ПеснаУчилиштеУченикОдд.Наслов на творбаМентор
1ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, Свети НиколеЛука Апостолов6Безбедна работа-здрав работникКатерина Алексова Наумова
2ООУ,,Св.Кирил и Методиј“- ИловицаДанче Бојаџиска9 бБезбедност и здравје при работаЕлисавета  Мирчева 
3ООУ„Гоце Делчев“ – ШтипЕва Арсовска VII-1БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТАм-р Марија Ристова

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

РасказУчилиштеУченикОдд.Наслов на творбаМентор
1ООУ„Славејко Арсов“ Штип Лина КралеваVIII Безбедност и здравје при работаМилкица Миленковиќ-Стојанова
2OУ,,Xpисто Узунов”, Другово, КичевоМатеа Стојаноска VIIAЗАШТИТНА ОПРЕМА ВЕДНАШ ,НЕ ЗА СЛЕДЕН ЧАСИвана Витанска, Жаклина Стојановска
3ООУ„Св. Климент Охридски“ с. ДрачевоДафина Здравковска VIII Најдобрата мајкаВиолета Трпевска 

Потоа следуваа претставниците од Училиштата чии ученици освоија прво место во секоја од четирите категории, и тоа:

По прогласувањето на најдобрите правни субјекти и автори на творби, од страна на г-дин Љупчо Кочовски беше промовиран десеттиот број на Првото стручно списание за БЗР ТУТЕЛА.

На крајот на настанот г-дин Љупчо Кочовски најави дека збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2023″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР , а за догодина во истиот период ги најави :

28 АПРИЛ – Денот низ фотографии ЛИНК

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗАЕДНО, СИЛНИ И СЛОЖНИ И ВО 2023 ГОДИНА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *