www.oshwithoutborders.org

Почитувани колеги,

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на Меѓународното стручно советување на експерти за заштита “БЗР без граници”, кое ќе се одржи од 27-29 септември 2023 година во Хотел Дрим, Струга.

Меѓународното стручно советување е организирано од страна на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, како главен организатор и други 9 организации за БЗР од 7 балкански земји и се фокусира на темата ,,Странски работници”.

Истoто е поддржано од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и на него ќе присуствуваат и ќе се обратат Министрите за труд и социјална политика од земјите во регионот.

Специјален гостин и говорник на настанот ќе биде претседателот на Управниот Одбор на Европската агенција за БЗР (EU OSHA), Др. Андреас Стоименидис.

Меѓународното стручно советување претставува уникатна можност за размена на знаења и добри практики поврзани со предизвиците и ризиците со кои се соочуваат странските работници во регионот на Балканот.

Овој настан нуди платформа за БЗР професионалци за поврзување, вмрежување и споделување на искуства. Освен тоа, компаниите можат да добијат вредни насоки и стратегии за управување со ризиците со кои се соочуваат странските работници на нивните работни места.

Ве охрабруваме да го посетите овој важен настан за подобрување на Вашето знаење, развој на Вашите вештини и допринос на напредокот во областа на БЗР во регионот на Балканот. За да си осигурате место на конференцијата, препорачуваме рана регистрација.

Се надеваме дека ќе ни се придружите на Меѓународното стручно советување “БЗР без граници”.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО превземете

НАПОМЕНА: По доставување на пријавата за учество, се резервира место за учесникот, а учесникот треба да ја изврши уплатата во рок од три работни дена. Доколку го надмине рокот од три работни дена, се отстранува регистрацијата и истата се доделува на друг заинтересиран учесник.

Бројот на учеснци е ограничен.
Сите заинтересирани за учество на Меѓународното стручно советување да се пријават најдоцна до 22.09.2023 година.

Лице за контакт и отворени прашања: Јасминка Петрушевска  Телефон: 070 23 54 66 
Eлектронската адреса на која треба да се достави пополнетата Пријава за учество гласи oshwithoutborders2023@gmail.com

Повеќе за Меѓународното стручно советување на www.oshwithoutborders.org

Со почит, ЗИЗ Тутела

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (20 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

Уплатата да се изврши нa :
Здружение на инженери за заштита Тутела , Антон Попов 6, Скопје 1000, РС. Македонија
Цел на дознака учество на БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ , ЕДБ : 4057018540327
жиро с-ка 210072678600120 НЛБ Банка     

Client Details
Association Name : TUTELA Skopje
Address: Anton Popov  6 , Skopje Kisela Voda, RN Macedonia
IBAN Code: MK07210722000120735
Bank Details
Bank Name: NLB BANKA AD SKOPJE
Bank Address: Mother Teresa 1
Country: RN Macedonia
SWIFT: TUTNMK22

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *