Европска недела за безбедност и здравје при работа 2023, во организација на Министерството за труд и социјална политика и Советот за БЗР, со поддршка од Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје.
Официјализирање на отпочнувањето на Европската кампања за здрави работни места 2023-2025 „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“.
Како прв говорник министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес го отвори настанот и се заблагодари на сите релевантни чинители кои континуирано даваат придонес кон заедничките заложби во делот на унапредување и подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
„Токму во текот на оваа недела, низ цела Европа, во сите земји-членки на Европската унија, но и во земјите кандидати за членство, вклучително и во нашата држава, се организираат голем број настани. Во таа насока една од носечките пораки на Европска кампања за БЗР и на Европската недела за БЗР е пораката дека: „Безбедноста и здравјето при работа не засега сите подеднакво. Добри се за секој од нас. Добри се и за бизнисот“, рече Тренчевска.
Министерката објасни дека согласно веќе воспоставената пракса беше реализирана и спроведена постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик. Таа посочи дека изборот и оваа година е во организација на Советот за БЗР, со поддршката од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите.
Таа го најави и отпочнувањето и на новата кампања на министерството. „Отпочнуваме нова Европска кампања за здрави работни места која ќе се спроведува во следните две години. Оваа Кампања на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA), ќе биде насловена „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“ и ќе биде посветена на подигнувањето на свеста за дигиталната технологија и сѐ поизразената дигитализација во работата и влијанието кое таа го има врз безбедноста и врз здравјето на вработените“, истакна Тренчевска.
По обраќањето на министерката на присутните им се обратија и
На крајот на првиот дел од настанот беша доделени и Националните Награди за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година. Добитници на наградите се: Рудник „САСА“, Алкалоид – Скопје и Раде Кончар ТЕП – Скопје.
Во вториот дел од настанот, на присутните им се обрати г-дин Дарко Дочински, кој како focal point од Р.Северна Македонија во Европската агенција за БЗР ја образложи кампањата и фи потенцираше следните активности.