
Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2026 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по осми пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Битола,
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Љубанци,
– ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ПУ с.Цапари,
– ООУ ,,Андреја Савески – Ќиќиш”, Тетово,
– ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром, Скопје,
– ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија,
– ООУ Кузман Шапкарев, Кисела Вода,
– ООУ ,,Гоце Делчев‘‘ – Штип,
– ООУ ,,Невена Георгиева ДУЊА”, Кисела Вода, Скопје
– ООУ „Ристо Крле“ Кадино,
– ООУ„ Славејко Арсов“, Штип,
– ООУ„Тошо Велков Пепето“ Кавадарци,
– ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод,
– ООУ„ Никола Карев“ Радовиш,
– ООУ ,,Гоце Делчев”-Илинден,
– ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево
Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.
Заклучно со крајниот рок за поднесување (03.04.2026 година) поднесени се вкупно 107 творби (песни и раскази) во четирите категории.
Во втората фаза, следи комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите, кои ќе бидат објавени на настан кој ќе се организира на ден 28.04.2025 година, по повод одбележувањето на 28 aприл, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2025″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР.
ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!! ГРАДИМЕ ИДНИНА!!!

