ЗАЧЛЕНУВАЊЕ 

Членството во ЗИЗ Тутела е исклучиво индивидуално .

Секое физичко лице кое ги исполнува условите за членство, согласно Статутот на Здружението, може да стане член, со пополнување на:

  1. Пристапница и
  2. Уплата на членарина за тековниот период од една година.

Членарината важи од датум до датум (пример: за извршена уплата на 01.04.2018 г., членството важи до 31.03.2019 г. ).

 

 ПРИСТАПНИЦА

 

Пристапница_ЗИЗ_ТУТЕЛА

По извршената уплата, копија (скен) од уплатницата, Пристапницата (пополнета и своерачно потпишана) и ваша фотографија, доставувате на e mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk .

Врз основа на Пристапницата, уплатницата и фотографијата:

**-на вашaта e-mail адреса ќе ви биде доставен код (број) со кој ќе можете да се логирате на страната www.tutela.org.mk

– ќе ви биде изготвена членска карта која во најкус рок ќе ви биде доставена.

Со активирање на членството, ЗИЗ Тутела во иднина целосно ќе смета на Вас, како во поглед на користење на вашите стручни квалификации за унапредување на областа во која сте експерти (преку учество во стручните работни групи и служби, комисии и други репрезентативни тела на ЗИЗ Тутела) така и во поглед на поволностите кои планираме да ги обезбедиме за нашите членови (бесплатни обуки, работилници, семинари и сл).

Како член ќе имате непречен пристап до сите материјали, анализи, податоци и други стручни информации.

Истекување и продолжување на членство

Еден месец пред истекот на членството, ќе добиете e-mail со потсетување за терминот (датумот) на истекување (престанок) на членството од една година.

Продолжување на членството се врши со повторна уплата на членарина, пред истекот на датумот до кога сте член.

Доколку извршите уплата пред датумот на истекот на членството, по автоматизам се продолжува членството за уште една година, сметајки од датумот кога требало да истече. (пример: членството истекува на 31.03.2019 г., а вие извршите уплата на 22.03.2019 г., и покрај датата на уплата, периодот од една година за членарина за 2019 година почнува да тече од 01.04.2019 г., со важност до 31.03.2020 г.)

** КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ НА www.tutela.org.mk

По уплатата и евидентирањето на членарината(уплатница, пристапница, фотографија), од страна на одгворните лица во ЗИЗ Тутела, на вашата e mail адреса ќе го добиете кодот (бројот) за пристап на страната. (пр.ZIZ1234567)

Добиениот код треба да го искористите на следниот начин:

  1. Одите на www.tutela.org.mk
  2. Кликнувате на РЕГИСТРИРАЈ СЕ!

3.Се отвора следниот прозорец, во кој доле лево кликнувате на REGISTER 

4.Ви се отвора нов прозорец во кој ги внесувате следните податоци

 

1 – ВАШЕТО КОРИСНИЧКО ИМЕ (сами го избирате)

2 – ВАШАТА  E-MAIL АДРЕСА

4. – Passwordot (сами го избирате)

3 – КОДОТ КОЈ ВИ Е ДОСТАВЕН СО РЕГИСТРАЦИЈАТА

По внесување на бараните податоци кликнувате на REGISTER

5. Од од тој момент сте регистриани на страната www.tutela.org.mk.

9. Со повторно кликнување на РЕГИСТРИРАЈ СЕ!  или LOGIN! (горе десно на екранот од монитор/lap top или опаѓачко мени на таблет/мобилен тел) на страната www.tutela.org.mk и внесување на вашето корисничко име и password-от кој сте го избрале се логирате на www.tutela.org.mk.

НАПОМЕНА: Со истекување на периодот за кој имате платено членарина и не обновување на годишната членарина, по автоматизам ќе ви биде одземено правото за влез на страната www.tutela.org.mk. Истото ќе ви биде повторно овозможено по регулирање на членарината за тековната година.

За сите дополнителни информации обратете се на 

ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *